Полицијата на нозе: Со експлозив ограбен банкомат среде град (Видео)

Жителите на карловачки градски кварт, во петокот во 2.30 часот, ги пробудила силна експлозија на банкомат на Карловачка банка кој се наоѓа на излог во продавница.

Експлозијата го уништила куќиштето на банкоматот од кој крадците ги однеле парите.

Делови од банкоматот биле расфрлани насекаде. Полицијата известила дека во 2.49 часот дошло до експлозија и оштетување на банкомат, при што настанала материјална штета, но дека нема повредени.

Акцијата на крадците ја фатила една надзорна камера во близина, а како изгледало сè погледнете во приложеното видео: