Понижувачка казна за силувачи: Ги соблекле голи и ги воделе по улица до полиција (Видео)

Двајца силувачи на 17-годишна девојка пред да бидат спроведени во полиција, биле јавно понижени, така што граѓаните ги соблекле голи и ги воделе по улица во индискиот град Јингкионг.

Имено, многу од граѓаните на овој град го искористиле ова јавно спроведување како би ги удриле осомничените силувачи.

Како што пишува Хиндустантајмс, ова не е прв случај да во Индија народот им пресуди на силеџиите.

Со оглед на тоа што властите често не сакаат да се занимаваат со пријавени случаи на силување, самите граѓани често ја земаат правдата во свои раце.