Портокалов снег „голта“ возила, облакот од прашина доаѓа кај нас (Фото)

Неколку дена по предупредувањето за доаѓањето на големи количини сахарски песок на јужните делови од Европа и Азија, снимена е лавина од снег со портокалова боја. (Фото: Screenshot/Twitter/@severeweatherEU)

„Север ведер“ објави видео снимка на Твитер со порака „Ова е новиот поглед на лавина од планината Елбрус во југозападна Русија. Се случи вчера, а снегот попримил нијанса на портокалова боја од прашината од Сахара“.

Жителите на источните делови од Европа ги изненадил феноменот портокалов снег.

Слики од снегот со невообичаена боја на социјалните мрежи поставувале граѓани од Русија, Бугарија, Украина, Романија и Молдавија.

Метеоролозите објаснуваат дека овој феномен е предизвикан од комбинацијата од снег, дожд и песок од Сахара, каде имало пустински бури.

Оваа појава се случува од прилика секоја петта година, но концентрацијата на песок сега е значително поголема отколку обично.

Според податоците на SWE, големиот облак од прашина се движи преку Грција и Албанија до Србија, Бугарија и Турција.