Поскапија бензинот и нафтата во Македонија – Ова се одлуките на РКЕ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се
зголемуваат за 3,50 ден/лит во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од
13.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 52,00 ден/лит,
додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 54,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 1,50 денари/литар, во однос
на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 13.04.2020 година и со тоа малопродажната
цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 46,50 ден/лит.