После 19 години брак на сопругот му признала дека е машко

Тешко е и да замислите како се чувствувал 64-годишниот Жан од Белгија откако дознал дека неговата сопруга Моника е родена како маж и тоа го криела 19 години.

Се запознале 1993 година кај неговата сестра каде Моника работела како дадилка. Се претставила како Моника и рекла дека доаѓа од Индонезија. Тој тогаш бил во брак.

– Мојот брак беше пред крај во времето кога ја запознав Моника. Брзо се заљубивме еден во друг. Таа беше многу убава и женствена, многу привлечна жена, немаше никакви машки особини, се присетил Жан и додал дека воопшто не се посомневал ниту за време на секс, иако таа секогаш користела лубрикант.

Пред да се венчаме ја прашав дали сака деца, а таа рече дека таа идеја не ја привлекува. Почувствувал олеснување бидејќи и тој не сакал деца, затоа што веќе имал две од претходните бракови.

Цело време во бракот таа пиела контрацепциски пилули, или барем така му кажувала на сопругот.

– Беше фантастична жена, секогаш добра кон моите деца, одлично готвеше, чистеше и пеглаше, и како можев да знам дека се родила како маж, продолжил и објаснил како сфатил за што се работи.

Моника секогаш сакаше ноќни излегувања и кратка облека, која повеќе открива отколку што сокрива.

Дека неговата сопруга можеби е транссексуалец го предупредил негов роднина, а потоа Жан му се доверил на својот син кој му признал дека претходно слушнал гласини дека била маж.

– Не можев веќе да издржам и една вечер ја прашав и тогаш ми призна дека е родена како момче и дека била на операција за промена на полот. Мојот свет се сруши во секунда. Бев ужаснат, речиси умрев од шок. И реков да се исели, раскажува Жан.

Додал дека целиот случај завршил на суд бидејќи Моника не сакала да си замине. Судот одлучил дека може да живее во истата куќа со него, барем некое време, така што сега се среќаваат секој ден, но не разговараат, пишува Телеграф.