Последните зборови на Гадафи и денес одекнуваат: Знаете ли што рекол пред смртта?

Гадафи беше соборен во крвавата граѓанска војна, а години по неговата смрт судирите и понатаму не стишуваат.

Последните зборови на некогашниот либиски диктатор Моамер Гадафи биле: „Синови мои, знаете ли што правите?“

Поминаа повеќе години откако самонаречениот „братски лидер и лидер на револуцијата“ беше убиен во заробеништво на либиските бунтовници.

Славниот диктатор неславно заврши во рацете на момчиња кои не биле ни родени кога Гадафи ја презеде власта во Либија.

Во децениското владеење градеше култ каде неговото мислење е најважно.

Накратко, градеше кула од карти која беше спремна за рушење веднаш по неговиот пад.

Новинарот на Си-Ен-Ен Ник Робертсон се присетува на 2011 година и револуцијата кога еден војник лојален на Гадафи му рекол дека никој освен големиот лидер не може да оддржи либиско единство.

„Вие западњаците мислите дека ќе биде лесно, но дури откако ќе падне ќе видите“, раскажувал либискиот војник.

Тоа го рекол без ниту малку горчина, но и без хумор. Говорел како човек кој знае за што зборува како веќе тоа претходно да се случило.

Имал целосно уверување во своите ставови.

Либиската демографска слика ја создаваат стотици племиња, но само неколку од нив имаат право на било какво политичко влијание.

Поради тоа, либиската политика се темели на сојузништво помеѓу племињата, а таквите сојузништва се менуваат речиси секојдневно.

Поради тоа, денес Либија е во големи проблеми.

 

Пред Либија има уште многу препреки, а можеби најголемата пречка е спротиставените регионални интереси кои не покажуваат знаци на напредок.

Години по смртта на Гадафи, се чини дека војникот од почетокот на статијата бил во право. Либија ја обедини Гадафи.