Последните зборови на пилотот на авионот во кој загина 71 лице: Тоа е тоа…
Аудиоснимката од кокпитот на Летот 703 „Саратов Ерлајнс“, кој се срушил кратко по полетувањето од московскиот аеродром „Домодедово“ на 11-ти февруари, открила последните зборови на пилотот Валериј Губанов и копилотот Сергеј Гамбарјан, пишува Дејли Мејл.
Транскриптот кој го објавила руската медиумска куќа РБЦ покажува како Губанов му рекол на својот копилот да ја зголеми висината наместо да го сврти авионот кон долу, додека се обидувале да ја спречат трагедијата.
– Разбирам дека сакаше… но наместо тоа, одиш кон долу, рекол Губанов.
– Зошто одиш кон кон долу? Каде? Висина! Висина! Висина! Горе – му викал на својот копилот.
Снимката се прекинува откако рекол:
– Тоа е тоа… Нае*авме!
РБЦ ја потврдила автентичноста на снимката од Сојузната агенција за воздушен превоз и Меѓународниот комитет за воздухопловство.
Минатиот месец истражувачите рекле дека падот би можел да биде предизвикан од грешка на пилотите кои активирале греење на опремата за мерење притисок, што резултирало со добиени погрешни податоци за брзината на леталото.
Меѓудржавниот комитет за воздухопловство изјавил дека до падот дошло откако пилотите виделе различни податоци за брзината на авионот.
Леталото се срушило само неколку минути откако полетало од Москва на пат за Орск, град на околу 1.600 километри југоисточно од Москва. Потврдено е дека сите луѓе во леталото – 65 патници и шестмина членови на екипажот – загинале.
Делови од авионот Антонов Ан-148 биле пронајдени во подрачјето на Раменској, на околу 40 километри од аеродромот.