Поставил камера за да открие кој му ги краде работите, а кога видел кој е крадецот, останал зачуден

Индиецот Сентхил Натан од градот Шенаи никако не можел да сфати кој му краде неважни работи пред влезната врата па одлучил да постави надзорна камера.

Имено, редовно му исчезнувале крпи, перничиња и слични ситници кои, како што мислел Сентхил, никој не би ги украл, но сепак биле на мета на крадците. Тој и сопругата живееле во стан во приземје па пред влезните врати од станот биле поставени железни врати со решетки.

Сентхил одлучил да постави камера над влезната врата на станот.

Неколку дена по поставувањето, повторно ги пронаоѓале исчезнатите работи, а кога сопругата и тој ги погледнале снимките, останале зачудени.

На камерата во 2.16 часот среде ноќ забележале куче кое очигледно цело време им крадело ситници и се враќало по нов плен.