Потпишан Правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерот за здравство, Беким Сали и министерот за образование, Јетон Шаќири денеска во Владата на Република Северна Македонија, го потпишаа Правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост. Со Правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост се доуредува начинот на функционирање на стручните тела за проценка, начинот на вршење на проценката, како и начинот на остварување на дополнителната поддршка од областа на образованието, здравството, социјалната заштита и заштитата на децата. Правилникот беше подготвуван во изминативе три години со меѓусебна соработка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија, а со поддршка на УНИЦЕФ.

„Големо достигнување е што секторите за здравство, образование и социјална заштита во Северна Македонија работат заедно на унапредување на правата и подобрување на животниот стандард на децата и младите со попреченост. УНИЦЕФ е подготвен да продолжи со поддршка на Владата и на заедниците”, рече Патриција Ди Џовани, претставничката на УНИЦЕФ.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на настанот, нагласи дека мерките за дополнителната поддршка и услугите за децата со попреченост од денеска ќе се обезбедуваат врз основа на наод и мислење на стручните тимови за функционална проценка и стручните тимови за координација и следење на спроведувањето на функционална проценка.

„Денеска сме заедно тука да го заокружиме процесот со донесување на Правилникот за функционална проценка, со кој го пропишуваме начинот на спроведување на проценката, како и мерките за дополнителна поддршка од областа на образованието, здравството, социјалната заштита и заштитата на деца и млади со засегната здравствена состојба до 26 годишна возраст. Тука денеска пишуваме историја, заедно ја менуваме реалноста на лицата со попреченост. Заедно ги прошируваме хоризонтите. Но, тука не застануваме! Почитувани, сакам да ве известам дека веќе се подготвува предлог Закон за единствен систем за проценка, со што лицата со попреченост само еднаш ќе треба да одат на проценка и со тоа мислење ќе можат да пристапат кон сите права кои им следуваат по основ на различни закони. Во план е воведување на професионална рехабилитација и работно оспособување. Нашата цел е лицата со попреченост да бидат вклучени на пазарот на труд, но и да ги задржат нивните работни места“, потенцираше министерката Тренчевска.

Министерот за здравство, Беким Сали појасни дека за воведување на овој модел за функционална проценка на деца и млади, развиен во согласност со Меѓународната класификација на функционирањето, биле спроведени низа активности во насока на усогласување на легислативата во нашиот здравствен систем. Министерот Сали се осврна на работата и функционирањето на Службата за функционална проценка на деца и млади при ЈЗУ Здравствен дом Скопје, која како што рече, започнала со работа пред две години, со што и официјално почнал процесот за целосно воведување на системот за функционална проценка во државата. Според министерот Сали, главна задача на надлежните стручни тела е систематски да ги собираат достапните информации за детето и неговата околина и да применуваат процедури за мерење на функционирањето и за проценка на неговата основна здравствена состојба. Говорејќи за работата на Службата за функционална проценка на деца и млади, министерот Сали истакна дека досега стручните тела реализирале над 2.100 проценки, а паралелно почнале и со издавање на контролни проценки.

„Со заокружувањето на постапката за отворање на сите регионални стручни тела се очекува многу поголем број на извршени проценки кои треба да ги задоволат реалните потреби. Во однос на трошоците за вршење на проценката, напоменуваме дека родителите се ослободени од секакви плаќања за вршење на проценката. Покрај овие активности, Министерството за здравство и понатаму ќе вложува напор за подигнување на свеста на здравствените работници и зајакнување на капацитетите на јавно здравствените установи како одговор на потребите на лицата со попреченост“, рече министерот Сали.

Според министерот за образование и наука, Јетон Шаќири Правилникот е важен инструмент за подигнување на степенот на инклузивност на националниот образовен систем. Како што рече, во него прецизно се дефинирани сите чекори од првично проценување на потребите на ученикот, до одредување на типот на поддршка и обезбедување на таа поддршка низ образовните установи.

„Полесно ќе се изработува индивидуален образовен план за работа со ученик со попреченост и модифицирана програма, а воедно и полесно ќе се дефинира инклузивниот тим, односно ќе се одредува каков тип на стручен кадар треба да работи со тој ученик, дали ќе биде потребна образовна асистенција, или пак ќе се ангажира личен асистент“, потенцираше Шаќири.

На настанот се обратија и Спасе Додевски, претседавач со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост, како и Горан Петрушев, раководител на Службата за функционална проценка на деца и млади при Здравствен Дом-Скопје.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Северна Македонија сепак не е сама, 100-те милиони евра од ЕУ ќе ја помогнат економијата во следните две години

Откако само пред само неколку дена Европската комисија одобри на 50.000 евра за проекти во Северна Македонија, Европската комисија вчера предложи да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија. Со овој предлог, како што истакна претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и еврокомесарот за проширување... Прочитај повеќе...

Зошто Ада првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција се вика Ада?

АДА е првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавниот сектор во регионот ќе биде промовирана во текот на следниот месец и ќе ги нуди сите информации за финансиска поддршка по Планот за економски раст, а секако понатаму овој асистент ќе биде надограден и на други услуги кои се... Прочитај повеќе...

Не се приватниците, скопјани се колатерална штета од хаосот во превозот

Иако првиот чекор во решавање на проблемот со приватните превозници е направен по вчерашната нивна средба со градоначалничката Данела Арсовска, скопјани и понатаму се жалат на малиот број на автобуси, пишува 24инфо.мк. Во зависност од дестинацијата и делот од градот чекањето може да трае од 20-ина минути па до еден... Прочитај повеќе...

Зошто земјотресот во Турција беше толку разорен: Научниците стравуваат од едно сценарио

Повеќе од 5.000 луѓе загинаа, а илјадници се повредени во силниот земјотрес што во понеделникот рано наутро го погоди Газиантеп, град во југоисточна Турција во близина на границата со Сирија. Дополнителни последователни потреси, вклучително и еден речиси исто толку силен како првичниот, го направија особено катастрофален настан. Регистрирајќи се како... Прочитај повеќе...

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 38 основни и 9 средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по... Прочитај повеќе...

Казината и игрите на среќи ќе бидат забранети во близина на училиштата, предлага Владата – Сите одлуки од денешната седница

Од 127-ма владина седница: се динамизира соработката со САД во рамки на Стратешкиот дијалог со САД; за прв пат досега, жените земјоделки добиваат платено отсуство за мајчинство; во поддршката за микро земјоделски производители се додаваат и малите дестилерии; предлог измени со коишто уплатно-исплатните места за игрите на среќа се предвидуваат... Прочитај повеќе...

Со Планот за активности за Стратешкиот дијалог ја зацврстуваме соработката меѓу Северна Македонија и САД, ги промовираме нашите стратешки интереси и на глобален план

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, одржаа прес-конференција, на која информираа за активностите во врска со Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и САД. Премиерот Ковачевски информираше дека Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница го прифати текстот на Планот за активности во рамките... Прочитај повеќе...

Дојави за поставени бомби во 33 училишта во Скопје

Денеска (07.02.2023) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се... Прочитај повеќе...

Серија апсења на повеќе локации низ Македонија

На 06.02.2023 во 11.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода З.А.(28) и С.М.(26), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека на 11.01.2023 одзеле повеќе предмети од приватен имот на улицата „Благоја Думановски“. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив... Прочитај повеќе...

Уште двајца искасани од кучиња скитници

На 06.02.2023 во 15.30 часот во Полициската станица Карпош, М.Т.(30) од Скопје пријавила дека на ул.„Лондонска“ била касната од куче скитник. На 06.02.2023 во 12.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.С.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ бил каснат од куче скитник. Прочитај повеќе...

Повторно големо поевтинување на горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67% во однос на одлуката од 3.2.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за […] The post Повторно големо поевтинување на горивата – ова се новите цени appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Лукаревска: Воведуваме „е-фактура“ во борбата против сивата економија

Во поглед на сивата економија имаме предизвици, што значи дека ќе имаме и нови проекти во оваа насока, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска за време на годишната конференција „Година на нови можности“. -Еден од најголемите проект е „е-фактура“, што е ризик фактор кај најголемите даночни обврзинии. Тоа ќе значи намалување на фиктивните фактури и […] The post Лукаревска: Воведуваме „е-фактура“ во борбата против сивата економија appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Бежовска: Инфлацијата почна да се намалува, очекувам да биде едноцифрена

Инфлацијата не доведе до класичен ценовен шок, но таа резултираше со покачување на каматните стапки, рече гувернерката на Народната банка, Анита Бежовска. Таа посочи дека минатиов период на светско ниво се случил најсинхронизиран циклус на затегнување на монетарните политики. -Ние одговоривме преку стабилен девизен курс на домашната валута, рече Бежовска. Таа додаде дека клучни аспекти […] The post Бежовска: Инфлацијата почна да се намалува, очекувам да биде едноцифрена appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Бишев: Буџетот е стабилен, капиталната сила ги апсорбираше ризиците

Бакарството е циклична индустрија, вели владиниот советник Глигор Бишев за време на годишната конференција „Година на нови можности“. Тј кажа дека во добри периоди на економијата има и добри профити кај банките и тоа ја јакне капиталната сила, додека пак во лоши времиња се апсорбираат ризиците токму преку капиталната сила. -Од тој аспект македонската банкарска […] The post Бишев: Буџетот е стабилен, капиталната сила ги апсорбираше ризиците appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на 30.1.2023 година (понеделник) почнува етапната исплата на пензиите за јануари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите што не користат картички ќе се реализира во четири групи, и тоа според висината на пензијата: – за пензии […] The post МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy