Потребно е да се слушне мислењето на јавноста за именувањето на улиците, училиштата или институциите што нè опкружуваат, велат Јанчева, Наумоски и „Цивил“

Пред извесно време познатиот македонски актер и тогаш директор на Гостиварскиот театар, Висар Вишка, реагираше за потегот на Министерството за образование за преименување на две училишта во скопската населба Чаир. Неговата порака предизвика внимание и многу позитивни коментари затоа што бараше поинаков пристап кон именувањето на двете училишта, пред се затоа што бараше да се именуваат со имиња кои обединуваат, а не разединуваат.

„Знам дека зборувам со луѓе од минатиот век, но … училиштата треба да носат имиња на научници, наставници, писатели и поети… има многу објекти, паркови и улици и сл., кои би биле почестени со имињата на политичарите и маченици. Малку повеќе почит за интелигенцијата и … логиката. Да. Логиката“, напиша тогаш Вишка на својот Фејсбук профил.

Темата и денес е актуелна, особено откако Бугарија отвори неколку клубови во Македонија, именувајќи ги со имиња кои го провоцираат нашето минато, но и нашата свест и совест, како и постоeњето на закони за ваквите ситуации, но и потребата дали навистина треба и мора да се прави тоа така.

Во минатото, улиците што сите во Скопје ги знеаја како „Железничка“, „Ленинова“… станаа „Јордан Мијалков“ и „Аминта Трети“. Во скопско Тафталиџе, улицата „Мексичка“ стана „Петре Пирузе“, а во скопската населба Ѓорче Петров, „4 Јули“ стана „Борис Сарафов“. Потоа повторно имаше најава дека старите имиња ќе бидат вратени и така сега „Мексичка“ повторно е „Мексичка“, Железничка – Железничка.

Покрај улиците, имињата на училиштата исто така предизвикаа внимание. Ние веќе имаме училишта каде што учат деца од повеќе националности и каде што општествените процеси наложија промена на имињата и истите беа променети.

Децата учат во училишта кои носат имиња на национални херои, интелектуалци, домашни и светски, како и многу други кои носат имиња на личности од културно општествениот, но и интелектуалниот развој на нашата држава и светот. Веќе имаме и именувано училиште по првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.

Но, сето тоа се случи, без да се праша јавноста и дали тоа треба да стане пракса и за во иднина. Дали е потребен поинаков пристап, дали е потребно менување на имињата на улиците и дали граѓаните треба да имаат повеќе улога во именувањето на училиштата во кои учат нивните деца разговаравме со проф. д-р Љубица Јанчева, научен советник во ЈНУ Институт за национална историја и координаторка на советничка група во Град Скопје, свој став ни даде и невладината „Цивил“, како и со Никола Наумоски, граѓански активист и шеф на кабинетот на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.

„Најголем број основни училишта во Северна Македонија носат имиња на личности од историјата кои животот го завршиле трагично и со насилна смрт. Во голем број случаи, се работи за имиња на личности кои може само да ги продлабочат поделбите и недовербата меѓу етничките заедници. Во едно мултикултурно и мултиетничко општество се води сметка јавните објекти и институции да им припаѓаат на сите подеднакво. Ова особено се однесува на образовните установи, бидејќи тоа се местата каде што децата, не само што стекнуваат знаења, туку се формира и нивниот поглед на светот. Многу подобро би било кога на училиштата и другите институции и јавни објекти и сообраќајници им се дадат имиња на личности од областа на науката, уметноста и културата“, велат од Цивил, организација која во своето портфолио има голем број проекти за пообрување на меѓуетничките односи и мултикултурализмот.

„Промените се одраз на одредени општествени процеси, а причините за нив се различни. Јас фокусот би го ставила на начинот, на кој изминативе години се случија тие промени. Ако за тоа е консултирана пошироката јавност, и името биде општо прифатливо за пошироката заедница, не гледам ништо лошо во намерата да се направи промена на име на улица, мост, училиште или друг инфраструктурен објект, согласно позитивните законски регулативи за тоа“, вели Јанчева.

„Именувањето на основните училишта е поврзано со актот за основање. Името на училиштето е она, што е запишано во актот за основање и под кое име е запишан во Централниот регистар. Согласно член 22 став 2 од Законот за основно образование, во училиштата каде што наставата се одвива и на еден од јазиците на етничките заедници (согласно закон), името на училиштето може да биде напишано освен на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото на етничката заедница на кое се изведува наставата“, вели Јанчева.

Децата секогаш ја знаат животната приказна, историјата и судбината на народниот херој, по кој е именувано нивното училиште. Некои од нив загинале на многу нецивилизиран начин, насилно, со мачење поради нивните ставови и земјата која ја бранеле. На нашето прашање какви пораки се испраќаат преку ваквите одлуки на општеството, потребни ли ни се и херои кои победуваат, Јанчева вели дека со имињата треба да се испраќаат позитивни, пацифистички, космополитски пораки.

„Не мислам дека имињата на народните херои Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Кузман Јосифовски Питу, Елпида Караманди, Ибе Паликуќа, се несоодветни“, истакнува Јанчева и додава дека доколку било кој предлог за име на училиште, улица… или друг инфраструктурен објект е прифатлив за јавноста (најдобро би било да биде јавноста консултирана), треба да се прифати.

„Во поновата историја на РСМ, сведоци сме на масовна промена на имиња на улици, училишта и други инфраструктурни објекти кои потекнуваа од периодот на поранешната југословенска федерација. Но, сведоци сме дека и по промената на тие имиња, во колективната меморија на населението останаа старите називи кои сеуште се користат како сининим за објектот кој денес има ново име. Основното училиште каде што јас го завршив моето основно образование се викаше Моша Пијаде. Во периодот на транзицијата името на училиштето беше сменето и денес тоа училиште го носи името на нашиот истакнат писател Видое Подгорец. Не мислам дека новото име е несоодветно, напротив, но на прашањето каде јас сум го завршила своето основно образование, јас не можам да одговорам дека тоа е ОУ Видое Подгорец“, појаснува Јанчева.

Таа исто така вели дека пред повеќе од една деценија бевме сведоци на промена на имиња на веќе постоечки улици, без притоа да бидат консултирани граѓаните или образложена потребата од промена. На пример, името на улицата Мексичка, добиено во знак на благодарност кон државата Мексико чијашто донација се бараките изградени по земјотресот 1963 година, во населбата каде што е лоцирана улицата, тогаш беше сменето со името на истакнатиот македонски деец Петре Пирузе. Уште еден таков пример е промената на името на улицата Ратко Митровиќ, добиено во знак на благодарност кон тогашната југословенска република Србија, чијашто донација се бараките изградени во населбата Драчево по земјотресот 1963 година, од работниците на фабриката Ратко Митровиќ, беше сменето со името на истакнатиот македонски револуционер Иван Хаџи Николов. И во двата случаи, не сметам дека „новите“ имиња на улиците се несоодветни, напротив, спорна е потребата од промена, начинот на промената и непочитувањето на симбиликата, во контекст на епитетот „град на солидарноста“, кој Скопје го доби по земјотресот 1963 година.

„Ги разбирам критиките кон постоечките имиња на топонимите, училиштата, спортските сали, инфраструктурните објекти итн. Тие се оспорливи по многу основи како родовиот, етничкиот, верскиот или идеолошкиот дисбаланс“, вели Никола Наумоски, граѓански активист.

„Според мене, во општество поделено по национални, верски, идеолошки и историски основи, имињата на училиштата треба да носат имиња на личности и настани со неутрална хуманистичка нота, со дострели во науката, уметноста или спортот. Онака како што имињата на градинките доминантно реферираат на природа, среќа, здравје, хуманизам (Мајски Цвет, Детска Радост, Другарче, Весели Цветови…), така и имињата на школите треба да обединуваат и да вклучуваат, наместо да прават поделби и поларизираат. Тоа сепак не значи дека заговарам промена на постоечките имиња на школите. Со оглед на постојаниот историски ревизионизам во овој дел на Европа, едно такво прашање би можело да создаде нови националистички и верски бранови на незадоволство. Наместо тоа, би било убаво сите идни новоотворени школи да имаат имиња на настани и личности што обединуваат, па на среден и долг рок овие имиња да можат да ги доминираат традиционалните имиња кои се користени досега“, вели Наумоски.

Анета Тасова

извор: Brif.mk

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
ФИНСКА ВЛЕГУВА НА НАТО: Турција конечно го одобри барањето

Турција конечно ја одобри апликацијата на Финска за приклучување кон НАТО, ставајќи крај на повеќемесечните одложувања, но во исто време продолжи да ја блокира Шведска да се приклучи на воената алијанса. Турскиот парламент во четвртокот едногласно гласаше за членство на Финска, отстранувајќи ја последната пречка во процесот на пристапување. Гласањето... Прочитај повеќе...

ЗА ПРВ ПАТ ВО АМЕРИКАНСКАТА ИСТОРИЈА! Обвинение против експретседателот ДОНАЛД ТРАМП: Исплатени пари на ѕвезда од филмови за возрасни

Во Менхетен, Њујорк, Големата порота гласаше за обвинение против поранешниот претседател Доналд Трамп поради тајни плаќања на ѕвездата од филмовите за возрасни Сторми Даниелс. За прв пат во американската историја, сегашен или поранешен претседател се соочува со кривична пријава, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на три извори запознаени со ова прашање.... Прочитај повеќе...

ОВОЈ ЗАЧИН е се што ви треба за убава интензивна жолта БОЈА на ЈАЈЦЕ

Жолтата боја од јајцата можете да ја добиете многу лесно, што е најдобро и сосема природно. Се ближи Велигден, а домаќинките веќе размислуваат за украсување и бојадисување јајца, а годинава наместо да купувате фабрички бои, насочете се кон природните варијанти. Освен зеленчук, можете да користите и зачини за бојадисување јајца.... Прочитај повеќе...

Белата означува слава, жолтата радост: Традиционалните велигденски бои имаат важно значење

Велигден е обоен во светли бои … гледаме многу розова, виолетова, жолта и зелена! Има причина за тоа. Еве го вистинското значење зад велигденските бои кои сите добро ги знаеме (плус уште две „традиционални“ нијанси кои би можеле да ве изненадат). Боите што ги поврзуваме со одредени христијански литургии датираат... Прочитај повеќе...

НАРОДНИ ОБИЧАИ ЗА ЈАЈЦЕТО ЧУВАРКУЌА – Има само еден начин правилно да го вапсате, а еве што треба да направите со минатогодишното

Повеќето домаќинки бојадисуваат велигденски јајца на Велики петок. Без оглед на бојата на јајцето што ќе изберат, едното дефинитивно ќе биде црвено – тоа е чуваркуќа. Обичајот налага првото јајце да биде обоено црвено, симболизирајќи ја невината пролеана крв на Исус. Ова јајце, чуваркуќа, се чува во текот на целата... Прочитај повеќе...

Ограбена е фирма во Скопје

Како што соопшти полицијата вчера во 07.30 часот во ПС Чаир, било пријавено дека во објект на фирма на подрачје на Чаир неколку лица со употреба на алат влегле внатре и одзеле пари, велат од МВР. Полицијата додава дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Прочитај повеќе...

Пензионер нападнал двајца малолетници во центарот на Скопје

Како што соопшти полицијата вчера нешто пред 18 часот било пријавено дека околу 17 часот на подрачјето на Центар двајца малолетници од Скопје биле физички нападнати од Љ.А.(63) од Скопје. Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Прочитај повеќе...

ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ – Овие пет земји немаат аеродроми

Пред да започнете да планирате одмор во Европа, проверете дали вашата посакувана дестинација има аеродром. Списокот на земји кои немаат сопствен аеродром е истовремено и список на земји кои се меѓу најмалите во светот според површината што ја заземаат. Тоа се Ватикан, Монако, Лихтенштајн, Андора и Сан Марино. Иако земјите... Прочитај повеќе...

ВАЖНА Е ВИСТИНСКАТА МЕРКА – Една и пол до три и пол шолји кафе дневно, помал ризик од смрт

Луѓе кои пијат умерени количини кафе, една и пол до три и пол шолји дневно, незасладени или засладени со шеќер, се изложени на помал ризик од смрт во следните седум години, покажуваат научните истражувања. Кинеските научници од Јужниот медицински универзитет во Гуангжу ги користеа податоците од прашалникот за здравствено однесување... Прочитај повеќе...

Ескорт дама објаснува зошто жените изневеруваат, а скоро сите имаат ИСТА ПРИЧИНА

Ескорт дама открива дека изневеруваат и оние жени кои се заљубени во партнерот. Австралијката Саманта Икс го кажа своето мислење зошто изневеруваат, откако разговараше со некои дами кои признаа дека отишле подалеку од својата друга половина. Саманта објаснува дека изневерувањето не е само „машка работа“ – велејќи дека и многу... Прочитај повеќе...

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија за раст на пензиите, која следи два индикатори односно 50% од порастот на просечната плата и 50% од порастот на трошоците за живот. Ова усогласување […] The post Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над 500 денари за вреќа од 15 килограми ги одвратија граѓаните од пелетите, а печките на пелети се продаваат по ниски цени по македонските огласници. Според […] The post Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни услуги и знаење, грижата за клиентите и на стабилноста на Банката. Со оваа престижна награда, која ѝ се доделува на Банката по 12-ти пат, Комерцијална […] The post Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз […] The post Замрзнати цените на јајцата и оризот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy