Познатиот метеоролот прогнозира обилни врнежи во Македонија – еве од кога

Полека се простуваме од есента, која во регионот ќе заврши како нормална, а локално и постудена.

Во голем дел од регионот забележани се просечни врнежи, а локално и обилни, особено на Јадранот. Имаше и снег, особено во во планините, локално и во низините, пишува популарната Фејсбук страница „Vremenska prognoza za HR i BIH svakodnevna“.

Професор Зоран Задро од „Vremenska prognoza za HR i BIH svakodnevna“ понатаму пишува дека следи студено и нестабилно време.

Обилни врнежи ќе има помеѓу среда и недела, особено на Јадранот, Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Со заладувањето во четврток, петок и сабота ќе заврне и снег, прво на планините.

Меѓутоа во петок и сабота, снег треба да се очекува и во Босна, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора и Македонија. На планините ќе падне обилен снег.

Подеталната прогноза на проф. Задро прочитајте ја во постот во прилог: