Пред нас студена вечер, но тоа не е ништо во споредба со прогнозите за следната недела

Синоптичарите најавуваат нов влажен бран и пониски температури од почетокот на наредната недела, а до крајот на неделава продолжува периодот на стабилно и суво време.

Утре ќе биде најсончево и најтопло. Во петок и за време на викендот на повеќе места ќе има значителна облачност, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Нов влажен бран се очекува во понеделник.

Утринската температура наредниве денови ќе биде ниска и ќе се движи од – 4 до 6 степени Целзиусови. Утринските температури ќе бидат над нулата веќе од понеделник.

На прогнозата погледнете какво ќе биде времето до недела…