Пресврти со времето: Еве од кога да очекувате поројни дождови

Пресврти со времето: Еве од кога да очекувате поројни дождови

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови значително облачно со локален дожд и ретка појава на грмежи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Дневната температура ќе се движи од 5 до 19 степени.

Во среда и четврток во поголем дел од земјава ќе се задржи суво време.

Нови врнежи од дожд се очекуваат во петок, а особено за време на викендот кога ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи.