Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на САД, Анџела Прајс Агелер

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Анџела Прајс Агелер.

Во продолжение се интегралните обраќања на претседателот Пендаровски и амбасадорката Агелер од церемонијата на предавање на акредитивните писма, а во прилог се верзии од обраќањата на англиски јазик.

Интегрален текст од обраќањето на Претседателот Стево Пендаровски

Ваша Екселенцијо,

Имам исклучително задоволство и чест да ги примам акредитивните писма од Неговата Екселенција, почитуваниот Џозеф Бајден, претседател на Соединетите Американски Држави, со кои Вие сте именувана за нова амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија.

Дозволете ми најнапред срдечно да Ве поздравам, да Ви посакам искрено добредојде во нашата земја и, воедно, да Ви посакам многу успех во вршењето на Вашата одговорна функција.

Фактот дека ова не е Ваш прв дипломатски престој во Скопје и дека сте одличен познавач на состојбите во нашата земја, претставува значајна претпоставка за натамошно збогатувањето на билатералните односи.

Бидете уверени дека, во вршењето на Вашите дипломатски должности, ќе ја уживате мојата поддршка и поддршката на целиот мој тим.

Почитувана амбасадорке,

Во оваа прилика, би сакал да истакнам дека Република Северна Македонија во континуитет посветува посебно внимание на развојот на пријателските односи и билатералната соработка со Соединетите Американски Држави, кои ги сметаме за голем пријател, значаен економски партнер и искрен поддржувач во најтешките моменти уште од нашата независност.

Впрочем, постојаното унапредување на нашите односи е надворешно политичка аксиома, која е приоритет на сите релевантни политички фактори во Северна Македонија. Посебно ме радува фактот што во изминатиот период билатералните односи меѓу нашите држави ги градиме и унапредуваме како сојузници во НАТО Алијансата, споделувајќи ги заедничките вредности на демократијата, слободата и човековите права, како и заложбите за меѓународен поредок базиран врз правила. Во контекст на последните геополитички предизвици и руската воена агресија врз Украина, дозволете да констатирам дека нашето цврсто пријателство добива уште повеќе на значење и истото претставува гаранција за стабилноста и просперитетот на мојата држава и регионот на Западниот Балкан, во целина.

Ваша Екселенцијо,

Неколку години наназад политичкиот дијалог меѓу двете држави постојано се интензивира и се одвива на повеќе нивоа. Посебно задоволство претставува фактот што оваа година го започнавме Стратешкиот дијалог, како прва земја од Западниот Балкан. На тој дијалог гледаме како на заеднички интерес за конкретизирање на нашата соработка во сите сфери од заемен интерес. Подготвени сме за сеопфатно кревање на нивото на односи и уште поголема координација и соработка во сферите на економијата, одбраната, безбедноста, инвестициите, образованието, културата, науката и животната средина.

Би сакал да истакнам дека, посебен квалитет во нашите односи сите овие години дава и многубројната македонска дијаспора во Вашата земја, која, освен мост на пријателство меѓу нашите народи, претставува и сериозен потенцијал за развој на економските врски.

Почитувана амбасадорке,

Ја користам приликата да искажам благодарност и за досегашната поддршка на Соединетите Американски Држави за започнување на пристапните преговори на Северна Македонија за членство во Европската Унија. Таквата поддршка претставува значајно охрабрување за продолжување и интензивирање на реформскиот процес и за натамошна демократизација на нашето општество.

Длабоко сум уверен дека имено реформите во клучните сфери: владеењето на правото и борбата со високата корупција, негувањето на културата на одговорност, транспарентноста и функционалноста на институциите, треба да го одредат натамошниот развој на македонската демократија и конечното членство во Европската Унија.

На тој пат, анахроните теми и дискусии за идентитети и наметнати историски вистини претставуваат сериозна пречка која има потенцијал да го закочи нашиот интегративен пат и, со самото тоа, да го држи целиот регион во неизвесност, а тоа генерира нестабилност. Всушност, започнатиот дијалог во рамките на Самитот за демократија, под водство на претседателот Бајден, е најдобриот показател кон какви цели треба да се стремат демократските држави во меѓусебните односи.

Поаѓајќи од оваа констатација, уверен сум дека поддршката од Вашингтон ќе продолжи и во периодот што претстои, со очекување за уште посилно вклучување на Соединетите Американски Држави, како гарант за мирот, стабилноста и просперитетот на Западниот Балкан, во светло на видливите последици на Континентот од руската воена агресија врз Украина.

Ваша Екселенцијо,

Би сакал да ја искористам оваа можност и да Ве замолам да ги пренесете моите срдечни поздрави до Неговата Екселенција, претседателот на Соединетите Американски Држави, почитуваниот г. Џозеф Бајден, со желба за негово добро здравје и успех во извршувањето на неговата исклучително важна улога во зачувувањето на мирот и безбедноста во светот.

На крајот, уште еднаш, Ви посакувам пријатен престој во пријателска Република Северна Македонија, многу успех во извршувањето на Вашата одговорна дипломатска мисија, како и добро здравје и просперитет за Вас и Вашите најблиски.

Благодарам.

Интегрален текст од обраќањето на амбасадорката Анџела Прајс Агелер

Претседателе Пендаровски,

Ви благодарам за срдечното добредојде во Вила Водно денес. Голема чест ми претставува да ви го предададам моето акредитивно писмо од Претседателот Бајден. Горда сум што го претставувам Претседателот и американскиот народ како Амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија. Како што мислам дека знаете господине Претседател, имав голема привилегија да служам тука, во оваа прекрасна земја, чијашто култура, луѓе, јазици и историја ги засакав.

Во периодот, откако последен пат бев тука, Северна Македонија се соочи со големи предизвици и донесе тешки одлуки, одлуки што ја поместија земјата понапред на патот на евроатлантските интеграции. Оваа земја го промени своето име за да стане 30-тата членка на НАТО Алијансата – нашиот најнов сојузник. Ги отвори пристапните преговори за членство во Европската Унија, зацврстувајќи ја својата позиција како лидер во градењето на безбедноста и просперитетот на Западен Балкан. Вашето претстојно претседавање со ОБСЕ во 2023, ја покажува клучната улога што земјата ја игра за иднината на Европа.

Иднината е навистина светла, и покрај тоа што земјата се соочува со стари и со нови предизвици. Господине Претседател, денес сум овде да ветам дека нема сами да се соочите со тие предизвици. Соединетите Американски Држави, Амбасадата на САД и јас ќе сториме сè што е во наша моќ да им помогнеме на луѓето во Северна Македонија да успеат да ги прифатат и да ги надминат сите тие предизвици. Ви го давам мојот личен завет дека ќе стоиме рамо до рамо со луѓето на оваа земја, така како што земјата ги остварува своите цели за мир, просперитет, безбедност и независност за сите свои граѓани.

Европа се соочува со најголемата закана, каква не е видена со генерации, а Северна Македонија, како сигурен, активен сојузник во НАТО, придонесува за безбедноста и стабилноста во Европа. Повеќе од 30 години работиме заедно за да го обезбедиме заслуженото место на Северна Македонија во поголемата европска заедница, преку поддржување на основните вредности на една просперитетна демократија – почитување на владеење на правото, еднакви можности за правда, економски раст и лично изразување, како и преку посветеност кон постигнувањето на овие цели отворено и транспарентно.

Северна Македонија се соочува со предизвици во темелите на сите овие столбови. Како што вие продолжувате да одите напред, така Соединетите Држави ќе бидат тука како партнер, сојузник и пријател, негувајќи односи, што ќе стануваат се посилни, подлабоки и попродуктивни.

Господине Претседател, чест ми е денес да го предадам моето акредитивно писмо. Со нетрпение очекувам да започнам со работа и многу сум благодарна за вашето љубезно добредојде и вашата поддршка.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Северна Кореја тестираше офанзивен подводен дрон со нуклеарно оружје

Пјонгјанг тестираше нов подводен дрон со нуклеарно оружје, објавија државните медиуми, а севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун предупреди дека заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД треба да завршат. За време на тестирањето, новиот севернокорејски дрон вчера се движеше под вода на длабочина од 80 до 150 метри повеќе од... Прочитај повеќе...

Бугарите најсиромашни во ЕУ – Познато е која држава е најбогата

Последниот извештај на Евростат покажува дека Луксембуржаните и понатаму се најбогатите граѓани на Европската унија. Нивната куповна моќ е 2,5 пати поголема од просекот на сите други земји-членки на ЕУ. Во споредба со европскиот просек, бруто-производот по глава на жител е за 161 отсто поголем во малиот Луксембург. Ова се... Прочитај повеќе...

246 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (23.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 246 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час... Прочитај повеќе...

Огромен пожар во Истанбул: Огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул. Причината за пожарот засега не е позната, а пожарот за кратко време го зафатил целиот хотел, јавува ТВ Хабертурк. На местото на пожарот излегле голем број противпожарни, медицински и полициски екипи.... Прочитај повеќе...

Турската парламентарна комисија го одобри влезот на Финска во НАТО

Комисијата за надворешни работи при турскиот Парламент го одобри предлог-законот за членство на Финска во НАТО. Сега претстои предлог-законот да биде одобрен од Парламентот до 26 март, објавија турските медиуми. Шведска и Финска лани аплицираа за приклучување кон северноатлантската одбранбена алијанса, непосредно по руската воена инвазија во Украина. Нивниот влез... Прочитај повеќе...

Битиќи: Со инфраструктурните проекти од ТАВ програмата го подобруваме квалитетот на живот на сите наши граѓани

Заменикот на претсетседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја посети општина Чучер Сандево, каде e завршен инфраструктурен проект од ТАВ програмата. „ Во оваа општина се работеше на реконструкција со асфалтирање на улица со должина од 2... Прочитај повеќе...

Приведен крадец фатен на дело, расчистени три кривични дела

На 23.03.2023 на автобуска постојка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, полициски службеници од Одделението за криминалистичката полиција при ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Р.А.(43) од Скопје. Тој бил фатен при извршување џебна кражба, при што од јакната на В.Л.(76) од Чучер Сандево, скопско, одзел мобилен телефон. Исто... Прочитај повеќе...

178 санкционирани возачи во Скопје: 49 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за технички неисправни... Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова... Прочитај повеќе...

Премиерот Ковачевски во посета на реновираниот дел на Клиниката за гастроентерохепатологија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер ќе го посетат реновираниот дел на Универзитетската Клиниката за гастроентерохепатологија, каде директор е проф. д-р Калина Гривчева-Старделова. Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз […] The post Замрзнати цените на јајцата и оризот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: • За пензии […] The post МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy