Приказна од која ќе се наежите: Изгледал вака и сакал да се самоубие, а потоа ја земал судбината во свои раце

Замислете дека сте тинејџер, имате 165 килограми, сите ви велат дека сте грозен како монструмот Џаба од “Војна на Ѕвездите”, никој не ве сака и не сака да се дружи со вас…Ова момче минало низ еден таков пекол – и преживеало.

Нејтан Присли на 18 години бил тежок повеќе од 165 килограми. Во училиште, во соседството и каде и да се појавел, неговите врсници го навредувале и го нарекувале со погрдни зборови. Нејтан тонел сè подлабоко во депресија.

– Отсекогаш бев предебел. Со години, злоставувањето во училиште придонесуваше за мојата тежина, бидејќи секогаш јадев и се тешев со храната. Ме болеше тоа ме споредуваа со Џаба. На крајот престанав да излегувам од дома и тоа траеше со години, ја започнува својата приказна Нејтан.

Мислел дека го допрел самото дно, купил апчиња за спиење и одлучил да стави крај на својот живот. За среќа, дозата што ја примил не била смртоносна за неговата тежина.

На крај ова мрачно искуство за него било пресудно. Тој одлучил да престане со самосожалување, да ги земе работите во свои раце и да го промени својот живот од корен.

– По неуспешниот обид да се самоубијам, сфатив дека мора нешто да променам и започнав со диета. За почеток од исхраната ги исфрлив благите работи. Одев да трчам во четири часот наутро, за да не ме гледаат луѓе. Во теретана вежбав во темна просторија, наменета за луѓе со слаба самодоверба, рекол Нејтан.

Откако од своето мени ги исфрлил чоколадите, чипсовите и брзата храна, тој почувствувал симптоми на апстиненцијална криза. Шеќерот го заменил со индиски оревчиња и преминал на исхрана со минимални количини на јаглени хидрати. Во наредните осум месеци губел по пет до шест килограми месечно.

Меѓутоа, како и многу други кои ослабеле за кратко време, кај него се појавил вишок на кожа, но тој проблем го решил со вежбање.

Денес, Нејтан има двојно помалку килограми и станал фитнес инструктор кој им помага на други луѓе со слични проблеми.