Прогноза за пролет 2018: Македонија во опасност од поплави, еве и кога

Американската метеоролошка компанија Accuweather донесува временска прогноза за пролет 2018 година.

Според нивните прогнози, нашето подрачје, како и соседните земји, особено источна Европа, се под закана од поплави, поради обилните врнежи и големите количини снег.

Вакво сценарио е многу веројатно во Хрватска веќе оваа недела, според хидролошките прогнози.

Североистокот на Европа се соочува со можност од бури. На крајниот североисток, и на делот од Скандинавија пролетните температури би требало да бидат надпросечни. Опасност од суши ќе има во Турција.

Важно е да се истакне дека станува збор за сезонска прогноза, која треба да ја земете со доза на внимание, со оглед на тоа што нејзината точност не може да се спореди со точноста на прогнозите за наредните 3-5 дена.