Промена на времето: Еве што не очекува од утре

Уште денес уживајте во сонцето, бидејќи од утре доаѓа вистинска зима. Еве какво ќе биде времето!

Денес времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, поизразен долж Повардарието. Дневната температура ќе се движи од 11 до 16 степени.

Утре претпладне по котлините ќе има појава на магла. Во недела попладне најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе се прошират насекаде, на планините ќе бидат од снег и ќе започне да дува засилен северен ветер.

Преку денот ќе биде студено и ветровито, а врнежи од снег се очекуваат и на некои повисоки места, особено во западните делови.