Прошталното писмо на маж кој се сокрил под кревет стана ХИТ – ЕВЕ ЗОШТО

Од неодамна на интернет кружи, наводно, проштално писмо на маж до сопругата кое стана своевиден хит.

Еден маж, имено, одлучил да провери дали неговата жена го сака и и` напишал проштално писмо, во кое, наводно, ја остава. Го ставил писмото на маса и се сокрил под креветот, очекувајќи ја сопругата.

Сфатил дека постапува глупаво и детинесто, но морал да знае што чувствува неговата жена. Се надевал дека ќе го види нејзиното изненадено лице, замислувал дека ќе плаче…

Конечно, кога неговата жена се вратила дома, го пронашла писмото и го прочитала. Зела пенкало и почнала нешто да пишува.

Потоа, ја променила облеката пеејќи весела песна и танцувајќи. Била среќна, а не вознемирена и натажена.

Мажот бил шокиран. Следело нешто полошо.

Жената го зела телефонот и се јавила некаде.

– Здраво драги. Подготвена сум, доаѓам наскоро. Што се однесува на оваа будала, конечно се решив од него, си замина. И како можев да се омажам за него воопшто? Жал ми е што не се сретнавме порано. Еве ме, доаѓам.

Го затворила телефонот и излегла од станот.

Мажот слушнал како се затворила влезната врата – си заминала. Разочаран, фрустриран, со солзи во очите се извлекол од под кревет и го зел писмото да види што напишала.

На писмото пишувало: „Ги гледам твоите нозе под креветот. Отидов до продавница по леб“.

Приложената приказна, веројатно, е плод на нечија богата фантазија, а дека ве насмеа, во тоа не се сомневаме.