Протести на група пензионери, реални барања или политичка манипулација

Покачување на минималната пензија со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии, побараа група пензионери на протест во Скопје. На протестот, кој се одржа во Жена парк, пензионерите посочија дека не се работи за партиски, туку за егзистенцијален протест. Тие бараат покачувањата на пензиите за сите пензионери да бидат по 3.500 денари, како и за најмалите, така и за најголемите пензии.

-Да се покачи минималната пензија, задолжително и што побрзо. Висината на минималната пензија да биде со висина на минималната плата. Второто барање е, што е исто многу оправдано, покачувањата да бидат линеарни, да не бидат процентуални. За сите пензионери да бидат по 3.500 денари, на секое покачување, како и за најмалите, така и за најголемите пензии. Нема зошто да има разлика. Тоа што се плаќале придонеси на времето што често ги споменуваат луѓето тоа биле за да си земат поголеми пензии. Меѓутоа, пензионер е пензионер. Не придонесува повеќе, нема зошто да се прави категоризација на висината на покачувањето. Продавницте за сите се исти, цените се за сите исти, услугите здравствени се исти. Се е потполно исто. Значи, нема зошто да има разлика, изјави Сузана Шкоф.

Претходно неколку протести со истите барања се одржаа и во други градови во Македонија.

Согласно новата Методологија за пресметување на пензии, во март просечната пензија од 17.666 денари се зголеми на 19.150 денари.

Актуелната методологија обезбедува историски најголем и континуиран раст на пензиите, протестите не се решение
Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, вели дека протестите не се решение, ниту притисокот, ниту манипулациите со кои се мотивираат пензионерите да протестираат, и дека актуелната методологија обезбедува историски најголем и континуиран раст на пензиите.

– Протестите се политички мотивирани. Повеќе од очигледно е дека се поттикнуваат да наметнат мислење и креираат тензична ситуација во период кога јасно се гледа грижата за секој граѓанин во државата, посебно кога е очигледна грижата за пензионерите, вели министерката.

Во насока на тоа колку се реални и основани барањата за зголемување на пензиите што ги најавија одделни групи пензионери во неколку градови во земјата, Тренчевска изјави дека се покажа дека „после една година од нејзиното усвојување заклучок е дека новата методологија за усогласување на пензиите, односно раст на пензиите е најреална затоа што ги следи двата клучни индикатори: трошоците за живот и просечната плата“.

– За сметка на оваа нова Методологија пензиите растат во континуитет. Да потсетам дека со претходната методологија пензиите во месец јануари 2022 година пораснаа за 2.9 отсто, а со новата, актѕуелна методологија, пензионерите добија повисоки пензии за околу 21 отсто, истакнува во изјавата министерката Тренчевска.

Таа потсетува дека во Септември 2022 година порастот беше 6,8 отсто, во март оваа година 8,4 отсто и дека според моменталната проекција за септември 2023 година најавува раст за најмалку 6 отсто.

– Тоа е раст на пензиите од околу 21 отсто, или раст за околу 24 отсто од јануари 2022 до септември 2023 година. Односно за времето од овој владин состав. Посебно треба да се истакне дека пензиите редовно се исплаќаат без задоцнување, што преставува основен и сигурен извор за егзистенција на корисниците на пензија, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Во 2017 година најниската исплатена пензија беше во висина од 8.571 денари, а просечната 13,954 денари. За споредба, во јуни 2023 година најниската исплатена пензија изнесуваше 12,500, а просечната исплатена пензија достигна 19,106 денари.

– Лично сум убедена дека покачувањето еднократно од 3.500 денари не носи гаранција за стабилен раст на пензиите и сигурност на највозрасните граѓани на нашата земја. Тоа не навраќа во 2014 година, кога редовното законско усогласување беше ставено вон сила и се вршеше линеарно усогласување во фиксен износ од 600 денари еднаш годишно, потсетува Тренчевска.

Сегашната методологија за раст на пензиите, со која за една година се зголемија пензиите за 24 отсто е неспоредливо подобра од еднократните интервенции во 2015 година со фиксен износ од 621 денар и истоа така еднократно во 2016 година со 654 денари.

Станка Трајкова, претседателка на Сојузот на Здруженија на пензионерите, вели дека со посебно внимание ги следат случувањата во врска со протестите на група пензионери за зголемување на најниските пензии. Со цел да се обезбеди целосна информираност на пензионерите за фактичката и правната состојба во врска со нивниот статус, Сојузот изготви низа препораки и мислења.

– Особено внимание посветуваме на нашите корисници кои примаат ниска пензија, и затоа периодот работиме на предлози и Методологија со која ќе седнеме на преговарачка маса со надлежните институции и ќе креираме услови за воведување на минимална пензија, како сигурна алатка за достоинствен живот на пензионерите, вели Трајкова.

Таа укажува дека од соработката со Министерството за труд и социјална политика изминатиот период произлегоа низа активности кои имаат за цел подобрување на материјалната положба на корисниците со ниски пензиикако што беше соодветната тримесечна парична помош, субвенционирањето на електричната енергија, пакети со прехранбени производи, ослободувањето од плаќање на партиципација за болничко лекување за корисници на пензија чии примања изнесуваат до 14.500 денари и други погодности за пензионерите

Трајкова уште вели дека пласирањето погрешни информации креираат забуна кај членови пензионери и дека претстои период кога секој од претседателите на локалните Здруженија на пензионерите ќе биде почесто на терен, ќе разговара со корисниците, ќе креира нова листа на препораки и потреби на корисниците за да започне нов поинтензивен дијалог со Министерството за труд и социјална политика.

– Јас и самата сум пензионер, верувај секој од нас го гледа и бара најдоброто решение за пензионерите, и овозможувањето на достоинствен живот продолжува да биде наша главна цел, Претседателката на Сојузот на пензионерите Станка Трајкова.

Од Партијата на пензионери бараат ВМРО-ДПМНЕ да не манипулира со пензионерите
Партијата на пензионери, со внимание, ги проследи протестите на групи пензионери, особено во врска со искажаните заложби за враќање на начинот на усогласување на пензиите како во време на владеење на ВМРО–ДПМНЕ, поради што искажуваме загриженост дека оваа политичка партија повторно со манипулации се обидува да придобие наклоност од неинформираните пензионери, во функција на нивната политичка агенда која не нуди никакви реални и поволни придобивки за пензионерите, се наведува во соопштението на Партија на пензионери.

Оттаму истакнуваат дека Партија на пензионери секогаш и со разбирање ги проследува иницијативите, кои доаѓаат од пензионерите, доколку се остварливи и се однесуваат на подобрување на материјалниот статус и економска сигурност на пензионерите.

Нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, растот на истите е континуиран
Во меѓувреме излегоа шпекулации, кои Министерството за труд и социјална политика одма ги демантираше, дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во криза и државата доцни со исплатите кон банките.

Го демантираме и го отфрламе тврдењата дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во криза и државата доцни со исплатите кон банките, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму потврдуваат дека во изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив. Трансферите кон ПИОМ се навремени и сигурни, дури и во време на Ковид пандемијата, кога започна првата предвремена исплата на пензиите.

„Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21 %. Првото усогласување во Септември 2022 година беше 6.8%, второто во Март 2023година – 8.4% и моменталната проекција за Септември 2023 година- најмалку 6 отсто.

Ниту едно од овие зголемувања не ја загрози стабилноста на Фондот, ниту ја поремети редовната исплата на пензиите.

Тоа е јасен показател на посветеноста кон граѓаните и стратешкиот избор на донесени политики како и долгорочното планирање кое обезбедува стабилност на Пензискиот Фонд, но и сигурност на пензионерите.

Пензионерите се приоритет на Владата на Република Северна Македонија. Во овој владин состав се донесоа низа мерки за помош и поддршка на пензионерите, и трендот не сопира. Предлозите од пензионерите се на маса, се дискутира за истите и во најскоро време ќе продолжиме со промоција на нови мерки и пакети кои ќе осигурат достоинствен живот на пензионерите и понатаму.

Министерството за труд и социјална политика апелира да не се креираат страв кај пензионерите и да не се манипулира со недостатокот на информации кои го имаат, а се со цел да се обезбеди масовност на протестите кои се политички обоени“, се наведува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

извор Фронтлајн.мк

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Стабилно до четврток, потоа промена – Детална прогноза за времето

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Во четврток и петок во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во западните делови од земјата. Во петок се очекува и засилен северен ветер претежно вдолж Повардарието. Прогноза за... Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Би помогнале на секоја иницијатива за реконструкција на спомен куќи кои се во приватна сопственост

„За спомен куќите кои се во приватна сопственост мене би ме радувала секоја иницијатива којашто ние како Министерство за култура можеме да помогнеме. Меѓутоа, тоа е прашање на приватна сопственост“ истакна Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата во Владата. Таа додаде дека имало таков случај пред извесен период кога фамилијата на еден наш... Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Зголемен интересот за детска литература на македонски јазик

„Искуството од минатите годишни конкурси покажа зголемен интерес за детската литература на македонски јазик. Сакам и во оваа пригода да ги охрабрам авторите и илустраторите да го зголемат својот придонес во квалитетот на овој конкурс. Сакам да ги охрабрам и младите автори кои натаму остануваат во фокусот на нашето внимание“... Прочитај повеќе...

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска ги презентираше новините од конкурот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година

Од денес 3 октомври од 12 часот ќе биде отворен системот за електронско пријавување на конкурот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година. Системот за пријавување ќе биде затворен на 6 ноември во 12 часот. И оваа година електронското пријавување целосно ќе се спроведува преку... Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Зголемен интересот за детска литература на македонски јазик

„Искуството од минатите годишни конкурси покажа зголемен интерес за детската литература на македонски јазик. Сакам и во оваа пригода да ги охрабрам авторите и илустраторите да го зголемат својот придонес во квалитетот на овој конкурс. Сакам да ги охрабрам и младите автори кои натаму остануваат во фокусот на нашето внимание“... Прочитај повеќе...

Запленети околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва

Денеска (03.10.2023) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, ОСПО-ЕБР и СВР Скопје во близина на местото Рамно, Скопска Црна Гора, запленија три камиони натоварени со околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва. Дрвата ќе бидат предадени на ЈП „Национални шуми“ и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Зголемен интересот за детска литература на македонски јазик

„Искуството од минатите годишни конкурси покажа зголемен интерес за детската литература на македонски јазик. Сакам и во оваа пригода да ги охрабрам авторите и илустраторите да го зголемат својот придонес во квалитетот на овој конкурс. Сакам да ги охрабрам и младите автори кои натаму остануваат во фокусот на нашето внимание“ потенцираше министерката за култура, Бисера […] Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Зголемен интересот за детска литература на македонски јазик

„Искуството од минатите годишни конкурси покажа зголемен интерес за детската литература на македонски јазик. Сакам и во оваа пригода да ги охрабрам авторите и илустраторите да го зголемат својот придонес во квалитетот на овој конкурс. Сакам да ги охрабрам и младите автори кои натаму остануваат во фокусот на нашето внимание“ потенцираше министерката за култура, Бисера […] Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Би помогнале на секоја иницијатива за реконструкција на спомен куќи кои се во приватна сопственост

„За спомен куќите кои се во приватна сопственост мене би ме радувала секоја иницијатива којашто ние како Министерство за култура можеме да помогнеме. Меѓутоа, тоа е прашање на приватна сопственост“ истакна Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата во Владата. Таа додаде дека имало таков случај пред извесен период кога фамилијата на еден наш добро познат уметник, посакал куќата […] Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска ги претстави новините во Конкурсот за проекти од национален интерес за 2024 година: Ги охрабрувам авторите и младите да го зголемат својот придонес во квалитетот на овој конкурс

Од денес 3 октомври од 12 часот ќе биде отворен системот за електронско пријавување на конкурот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година. Системот за пријавување ќе биде затворен на 6 ноември во 12 часот. И оваа година електронското пријавување целосно ќе се спроведува преку националниот портал за Е-услуги. Техничките […] Прочитај повеќе...

5,8 отсто повисоки пензии – Парите легнаа на сметките на пензионерите

Повисоката септемвриска пензија беше исплатена во редовниот рок. Некои банки веќе ја ставија пензијата на располагање и предвремено. Начинот на исплата на пензијата се врати редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот. The post 5,8 отсто повисоки пензии – Парите легнаа на сметките на пензионерите appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нови цени на горивата во Македонија

Од денес горивата се точат по следните цени: моторен бензин „евросупер БС-95“ – 86,00 (денари/литар) моторен бензин „евросупер БС-98“ – 88,50 (денари/литар) дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 86,00 (денари/литар) масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 85,00 (денари/литар) „мазут М-1 НС“ – 48,660 (денари/килограм) The post Нови цени на горивата во Македонија appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Мексико ја престигна Кина

Кина повеќе не е најважниот надворешно трговски партнер на Америка, туку Мексико е, според американските статистичари. Трговската размена меѓу двете земји достигна 263 милијарди долари во првите четири месеци од оваа година, што претставува 15,4 отсто од надворешната трговија на САД. Кога Кина се приклучи на Светската трговска организација во... The post Мексико ја престигна Кина appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Ново значително поскапување на дел од горивата и денеска во Македонија – Цената на нафтата на светските берзи “беснее” и е на највисока точка оваа година

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР... The post Ново значително поскапување на дел од горивата и денеска во Македонија – Цената на нафтата на светските берзи “беснее” и е на највисока точка оваа година appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска се во пораст и суровата нафта „брент“ првпат од почетокот на годинава достигна цена од 93 долари за барел. Меѓународната агенција за енергија (МААЕ) објави дека доброволното продолжување на дневните ограничувања за производство на нафта од страна на Саудиска Арабија и Русија ќе... The post Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy