Прв случај на коронавирус после повеќе месеци во Ресен – Драстичен пораст на новозаразени на ниво на Македонија

Во Ресен денес регистриран првиот случај после повеќе месеци на зараза од коронавирус.

Во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје и Тетово – по 65, Куманово – 20, Гостивар – 19, Струмица – 7, Кичево – 6, Битола, Струга, Берово и Виница – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар – по 2, Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 30 оздравени пациенти од: Скопје – 9, Тетово – 8, Гостивар – 3, Куманово – 2, Прилеп, Струмица, Кочани, Кичево, Гевгелија, Радовиш, Делчево и Валандово – по 1.

Пријавени се четири починати лица : две лица од Скопје (61г и 66г) и едно лице од Тетово (76г) и Кичево (76г) починати во болнички услови.

Направени се 4.713 тестови преку: ИЈЗ-143, ЦЈЗ Скопје-43, ЦЈЗ Битола-75, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово–72, ЦЈЗ Куманово–47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-8, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 7, ГОБ 8-ми Септември-13, Институт за микробиологија–41, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Авицена-208, Биотек-138, Систина-115, лабораторија Лаор-636, Синлаб-80, Ремедика-12, Плодност–30, Генеа–3, Никоб лаб-811, ВФВ Медикал-54, Ели Медика-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.999.

Досега во земјата се направени вкупно 999.203 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.926 бројката на оздравени пациенти е 150.470, на починати е 5.501, а бројот на активни случаи изнесува 955.