Пуштен порнич на видео билбордот во центарот на градот, минувачите во шок (Видео)

Среде бел ден, на билборд во центарот на градот Макати на Филипини пуштен е филм за возрасни.

Возачите и пешаците останале во шок во вторникот откако на видео-билборд во центарот на Макати е емитуван порно филм.

Филмот е емитуван во „клучен“ момент, а минувачите повеќе од 30 секунди можеле да ја гледаат „акцијата“.

Граѓаните во шок го снимале билбордот, а многумина се смееле не верувајќи во она што го гледаат.

Наскоро социјалните мрежи биле преплавени со оваа снимка, па на крај морал да се огласи и градоначалникот.

Тој рекол дека го отпуштил сопственикот на билбордот, на кој требало да бидат прикажувани реклами и мапата на градот.