Путин му порача на Вучиќ: Кој ќе ја нападне Србија, ја нападнал и Русија!

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на Русија Владимир Путин разговарале денес речиси еден час за ситуацијата на Косово, пишува српски Курир.

Рускиот претседател му порачал на Вучиќ дека Русија следи што се случува во Србија и на Косово и дека Србија може да смета на руска помош во секој облик.

Путин нагласил дека „кој ќе ја нападне Србија, ја нападнал и Русија“.

Претседателот Вучиќ уште еднаш му честитал на Путин за новиот мандат и изразил сочувство по повод неодамнешниот пожар во трговски центар во Русија.