Путин останал жив благодарение на нив: Еве како пилотите на руските ловци го заштитиле претседателот

Путин останал жив благодарение на нив: Еве како пилотите на руските ловци го заштитиле претседателот

Рускиот претседател Владимир Путин на новинарите на годишната прес-конференција им открил како била обезбедена неговата неодамнешна посета на Сирија.

Тој рекол дека пилотите на руските ловци ги ризикувале животите за да го заштитат. При слетувањето, авионите летале под претседателскиот авион како би ја сокриле неговата топлотна трага.

„Ги набљудував пилотите. Тие не летаа само покрај авионот, туку при слетувањето летаа и под него“, рекол Путин.

Рускиот претседател рекол дека овој маневар е многу опасен за пилотите на ловците, но дека сепак се одлучиле да го обезбедат претседателскиот авион.

„Благодарен им сум, и сакам тоа да го знаат и да го слушнат. Иако, не сум сигурен дека тоа е неопходно“, рекол Путин.