Работа на море: Хрватска компанија бара 2.700 работници во хотели – платено сместување и два оброци дневно

Туристичката компанија Маистра извести во средата дека бара вработени за работа во ровињските хотели напоменувајќи дека оваа година ќе бидат вработени вкупно 2.700 работници.

Денот на отворени интервјуа ќе се одржи 28 февруари од 11 до 18 часот во холет Лоне во Ровињ, каде заинтересираните ќе имаат прилика да разговараат со претставници на Маистра.

Од Маистра наведуваат дека Денот на отворени интервјуа е прилика за сите проактивни и амбициозни лица во потрага по работа и развој на кариера во туризмот.

Потенцијалните вработени од прва рака, низ разговори со претставници на хотелите, ќе добијат информации поврзани за условите и начинот на работа.

Кандидатите потоа ќе поминат селекциска постапка, а ако станат дел од тимот на Маистра им се пружа можност да работат во разни хотели низ Хрватска.

Маистра организира и плаќа сместување за сите вработени кои имаат потреба од тоа.

Вработените, исто така, имаат право на два топли оброци и надохнада за превоз, а се исплатуваат и додатоци на платата.