Работата на овој болничар е да превезува пациенти: Снимка од надзорна камера открила што навистина им прави

Живееме во време кога сочувството и грижата кон другите е вистинска реткост. Барем, ако верувате во она што го кажуваат на вести.

И додека светот можеби е темно место, секогаш постојат зраци светлина секаде околу нас!

Како овој болничар по име Линдон Бекфорд. Тој има златно срце и ангелски глас. Повеќе од 30 години Линдон го подигнува духот на пациентите во болница во Бостон.

Неговата работа е да ги превезува пациентите од нивните соби до операциските сали и назад.

Но, поради тоа што патот до операциските сали може да биде тежок за пациентите, неговата улога е многу важна. Тој, својата работа со ја извршува совршено со години!

Линдон е секогаш насмеан. Знае дека пациентите можат да бидат исплашени и нервозни додека ги носи на операција. И затоа секогаш ги поздравува со зборовите: „Се викам Линдон и јас ќе бидам вашиот возач.“

Како додаток на вниманието и љубовта кои им ги пружа, Линдон исто така им пее. Во видеото кое го споделиле милиони луѓе, новинар го следи Линдон низ болницата.

И навистина ќе ве погоди во срце гледајќи ја насмевката на лицата на пациентите додека Линдон ги превезува.

Луѓето како Линдон го прават светот подобро место! Погледнете и споделете со пријателите…