„Разочарани“ и „навредени“ желни за гилотина

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Има човек потреба некаде да седне, да се опушти и напие по некој малиган, нарача неколку кебабчиња, погледа отаде хоризонтот, послуша некоја фина музика, разговара за некои други теми со некои други луѓе освен политичките секојдневни оплакувања и кукања, ама, нема пријателе, тоа за тебе не е можно, изгледа ти ја немаш таа среќа.

Не е денес лесно да се занимаваш со јавна работа, можеби во оваа земја е најтешко тоа отколку било каде на друго место, затоа што овде не е лесно ништо, па не е лесно ни тоа. Се повеќе се множат ликови и групи кои се наоѓаат „изненадени и навредени“ ако нешто спомнеш во јавниот простор, и веднаш тргнуваат да те тужат, да те укоруваат, да ти попуваат, едноставно на глава да ти серат; можеби тоа е и добро, затоа што има и од оние кои сакаат да толчат, ама има и од оние кои сакаат да убијат. На таквите ќе се навратиме малку подоцна.

Имено, каде застанавме, комшија? На оние кои знаат да разговараат без да кукаат и трујат од сопствената душа. Порано се знаеше братко мил кој те гони и иследува: конзервативци, расисти, фашисти, филофашисти, клерикалци и слични. Денес, богами, имам впечаток дека заканите доаѓаат од секаде: од приучени-недоучени, од разни new age правци, од „пост“ ова или „пост“ она, заканите доаѓаат од разбудените луѓенца задоени од културата на исклучување (cancel culture).

Aма тоа за нас овде и натаму е проблем од иднината, ние генерално се бербатиме со душманите од деветнаесетиот век…

Ми се жали еден пријател, велејќи ми дека поради неговото пишување, од некој негов пасус, биле навредени „најдлабоките религиски чувства“ на некој извесен „Боле“. Јас, да бидам крајно отворен, се прашувам како е возможно некој да докаже дека поседува „најдлабоки чувства“? Или ако постои таква направа, форензика или вештачење, а што ако тогаш од „најдлабоките чувства“ се докаже дека се работело всушност за „најплитките чувства“?

Не е само извесен Боле кој ги сфатил зборовите како навреда за него лично, туку ги сфатил како навреда за целиот „македонски народ“, за целиот православен, христијански народ, за целата земја, млечниот пат, сончевиот систем, вселената… Кога ќе се доближиме до причината на ваквата навреденост, се работи за опасна бизарност и во секој случај ирелевантно запазување или „чувствување“. Па уште и „најдлабоко чувствување“ на чувствата на душата на навредениот?

Знам, приметувате и вие дека се работи за апсолутна безвезарија, метафизички ентитет со сомнителен статус во општеството. Што е тука нејасно? Или можеби е нејасно се’?

Ви реков на самиот почеток: ова е време на страшнооо навредени: навредени се малцинства, навредени се мнозинства, леви, десни, црни, бели, млади, стари, женски, машки. Сите „праведници“ на овој свет се навредени, а сите вакви набројани од погоре се така страшно оперирани од нормален човечки разговор, или недај боже ако во разговорот уште вметнеш и сатира на нивна сметка, или сатира на своја. Сигурен сум дека и сатирата би ја разбрале како навреда и повреда за нивните „најдлабоки чувства“.

Дури – тврд ви стојам – плурализмот на навредени во оваа земја цвета, а во светот најнавредени – и денес – се верниците (оние клерикалните, црковните), оние кои себе на овој или оној начин се изјаснуваат за „вистинска“ вредност, доктрина или институција. Од некоја нејасна причина, тие себе и во демократијата ги бараат своите „најдлабоки предубедувања“, а за своите предубедувања бараат уште и посебен третман, поточно речено, трајна поштеда. За возврат, ќе ги почитуваат останатите, чесна пионерска!

Овој наш свет станува пренаселен од „навредени“ и „разочарани“, и никогаш не знаеш на што ќе „нацапаш“, со кого ќе се судриш, кој е оној што ќе ти сере над глава што смееш, а што не смееш да зборуваш и пишуваш, само затоа што тој, некојси Боле, ти зборува од „најдобри намери“.

Ако почнеш да „внимаваш“ на тоа, да се трудиш да го избегнеш секој возможен судар, најмногу што можеш е да го закржлавиш сопствениот дух. А ако стигнеш до тој стадиум, тогаш е најдобро да се запишеш во некоја секта којa се воодушевува на некои непостоечки битија: зрел си за тоа, ама разлигавен си за сè останато.

Не би сакал да му држам придики во овој мој текст на мојот драг пријател кој често запаѓа во срања со разни будалетинки, ама вака начелно зборувајќи: од вакво срање се излегува така што се излегува од вакво срање. На пример: играта на баграта „навредени“ нема да ја прифати. И никако не потегне да се самооправдува и дополнително да се дообјаснува.

Пред неколку години едни будали во Франција, поточно во Париз, убија неколку луѓе затоа што овие им ги повредиле „најдлабоките чувства“. Попатно, се сеќавате сите: во Собранието на Македонија едни други будали тргнаа да убијат некои легитимни избрани луѓе затоа што овие им ги повредиле „најдлабоките чувства“.

Така што, заебете ме со „најдлабоките чувства“: и двата чина се (пре)страшни и (пре)грозни. Секогаш и секаде ќе има малограѓански гласови кои ќе велат: „вие ги повредивте моите чувства“. А ние останатите, знаеме секогаш да кажеме, и тоа за сите времиња и епохи: јебе ни се за вашите (пре)плитки и (пре)површни чувства!

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Дневен хороскоп за 10 јуни

Овен (21 март – 19 април): Можеби ќе почувствувате наплив на авантуристичка енергија денес, Овен. Прегрнете го! Излезете од вашата комфорна зона и пробајте нешто ново. Без разлика дали станува збор за истражување на ново хоби или одење на спонтано патување, нека ве води вашата љубопитност. Само не заборавајте да... Прочитај повеќе...

Ковачевски: Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се прифатени, дијалогот треба да продолжи

Сите предлози на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се прифатени и сега дијалогот за процесот важен за европската иднина на државата треба да продолжи, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски за Телевизија Алсат. „Гледајќи го дискурсот кој што го имаше ВМРО-ДПМНЕ сфатив дека тие сакаат да бидат дел од власта, дел... Прочитај повеќе...

Мицкоски од Охрид: СДСМ е развластена, ДУИ детронизирана

Само со преодна Влада може да обезбедиме национално единство и доверба кај граѓаните, а Демократската унија за интеграција после 20 години да ја пратиме во опозиција и криминалците да одговараат, истакна лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашната трибина „Политики за силна култура и развиен туризам“, што се... Прочитај повеќе...

ЦО на СДСМ: Работна група за продолжување на дијалогот со ВМРО-ДПМНЕ и други партии за уставните измени

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Централниот одбор на СДСМ оцени дека е добро што на средбата со опозициската ВМРО-ДПМНЕ е воспоставен дијалог во исклучително важен момент за иднината на државата. СДСМ уште еднаш покажа државнички и државотворен капацитет и понуди рака за отворен дијалог, но и делување во остварување... Прочитај повеќе...

Силно невреме околу Делчево – Вонредна информација за затворен пат

ЦУК: Вонредна информација од Јавно Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Поради обилни врнежи од дожд на патниот правец М.Каменица – Делчево (А3) на два километри пред Делчево сообраќајот се преусмерува преку Виница и Смојмирово. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во... Прочитај повеќе...

ЦО на СДСМ: Работна група за продолжување на дијалогот со ВМРО-ДПМНЕ и други партии за уставните измени

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Централниот одбор на СДСМ оцени дека е добро што на средбата со опозициската ВМРО-ДПМНЕ е воспоставен дијалог во исклучително важен момент за иднината на државата. СДСМ уште еднаш покажа државнички и државотворен капацитет и понуди рака за отворен дијалог, но и делување во остварување... Прочитај повеќе...

Маричиќ за Канал 5: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ги помести позициите, да продолжи дијалогот за уставните измени

Лидерската средба беше успешна, драго ни е што ВМРО-ДПМНЕ ги помести позицииите и сега може да разговараме како да ги изведиме уствните измени, изјави секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер Бојан Маричиќ за Канал 5, пред состанокот на Централниот одбор на СДСМ. -Лидерската средба донесе неколку битни точки,... Прочитај повеќе...

Тажна вест: Социјалдемократите се простуваат од докажаната активистка која почина во трагична несреќа

Социјалдемократите пред почетокот на седницата на централниот одбор упатија сочувство до семејството, роднините, пријателите за трагично починатата Татјана Петрова, наша сопартијка и докажана активистка, секретар на ОО СДСМ Неготино која денеска го загуби животот во сообраќајна несреќа. Пред почеток на седницата на Централниот одбор беше оддадена почит и изразено сочувство... Прочитај повеќе...

Одложена примена на уставните измени – реална можност или празно фантазирање?

Еден од условите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кој сака да го оправда гласањето за уставните измени и за кој наводно има разидување со премиерот Димитар Ковачевски е – од кога да важат уставните измени и да се искористат дупките во заклучоците за Македонија за да се смени... Прочитај повеќе...

Маричиќ: Лидерската средба покажа дека ниту една партија не е против уставните измени

„Лидерската средба ни донесе неколку битни точки, а најважното е што ниту една партија не е против уставните измени, различни се само условите. Ние сме подготвени оние услови кои се реални, изводливи и не излегуваат од преговарачката рамка да ги реализираме. Не е тоа затоа што ние сметаме дека тоа... Прочитај повеќе...

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по минатонеделниот пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,14 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,04 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута […] The post Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување на лична карта или со аплицирање онлајн, па така десетици граѓани од Македонија завршија со злоупотребени податоци, при што сајбер криминалците успеале да подигнат кредит во нивно име. Изминатиот период речиси секојдневно полицискиот билтен изобилува и со случаи каде измамници со туѓи лични […] The post Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се случува и кај некои дилери на автомобили кои не ја прикажуваат реалната цена на производите. Нема веќе лажни попусти, а сезонско намалување ќе има само […] The post Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до […] The post Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД СИТЕ НИВ Многу бизнисмени долго време ме прашуваат која е појдовната точка за излез од сегашната состојба. Анкетите кои ги спроведовме во повеќе од 300 компании и разговорите што ги имавме со повеќе од 100тина значајни личности од бизнисот и науката недвосмислено потврдуваат […] The post Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy