Ресен – 6 новозаразени, 9 оздравени, почина 24 годишно момче

Нови шест случаи на коронавирус се регистрирани во Ресен, информира Министерството за здравство.

Според податоците денес биле регистрирани и 9 оздравени, а стигна и тажна вест, според која 24 годишно момче починало како последица на ковид.

Од почетокот на пандемијата во Ресен регистрирани се 1372 случаи на ковид, од кои активни се 111.