Ресен еден од 11-те градови каде нема ниту еден активен случај на коронавирус

11 општини во моментов немаат активни случаи, меѓу кои и нашиот Ресен.

Останатите градови каде нема ниту еден активен случај на коронавирус се и Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Ресен, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран.

Во последните 24 часа се направени 1 601 тестирање, а регистрирани се 3 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.

Сите три случаи се во Скопје.

Регистрирани се 15 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Прилеп, Битола и Кичево – по 2, Тетово, Неготино и Виница – по 1.

Пријавени се две починати лица: од Скопје (76г) и Куманово (75г). Двајцата пациенти починале во болнички услови.