Ресен – еден од седумте градови во Македонија каде нема ниту еден заразен од коронавирус

Според податоците од Институтот за јавно здравје во Македонија официјалната бројка на лица позитивни на коронавирусот е 1.259. Во текот на вчерашниот ден потврдени се нови 28 случаи.

Вкупиот број на оздравени лица е 272, а во земјава регистриран и 56 смртни случаи.

Потврдени случаи на Ковид-19 има во 24 градови во Македонија. Од вкупниот број на заболени лица најголем дел се регистрирани во Скопје и Куманово.Според мапата на Институтот на јавно здравје нема ниту едно заболено лице во Ресен, Берово, Виница, Делчево, Свети Николе, Виница и други…

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 238,3 заболени на 100.000 жители, Дебар (183,8/100.000) и Прилеп (122,7/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Велес, Струга, Скопје, Штип и Кочани (Табела 2, Картограм 1).

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 584 машки и 647 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 56,3/100.000, додека кај женските 62,7/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 45 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 255 (20,7%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 76,6/100.000. Кај лица над 60 години регистрирани се 248 случаи со инциденца од 64,7/100.000 (Графикон 1). Најниска инциденца од 21,8 и 20,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 50 и 51 случаи соодветно.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,5%), кашлица (53,7%), малаксаност (33,5%), треска (18,4%), главоболка (16,9%), болка во грло (15,9%) и отежнато дишење (14,4%).

Кај 426 или 34,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Во однос на коморбидитети, кај 335 (27,2%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 223 лица имаат кардиоваскуларна болест, 67 лица се со хронична белодробна болест, 67 со дијабет, 16 со хронична бубрежна болест и 55 со други хронични болести.

Дополнување:
Од денес и Валандово е ставен на листата каде има еден заразен од коронавирус, со што бројот на градови каде не е регистриран ниту еден заразен изнесува шест.