Ристески распали по Мицкоски: Кого лажете господа од ДПМНЕ?
Фејсбук статус на Милутин Ристески од СДСМ Аеродром:
Кого лажете господа од ДПМНЕ?
„Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да испорача 11,5 милиони евра годишно директно од буџетот за капитални проекти во општина Аеродром.“ – вели Мицкоски денеска од Островска.
Исто вака планираа пред 2 години, со рок до крајот на 2023-та:
4 нови градинки – во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче,
проширување на објектите на градинките Сонце и Лале,
реконструкција на градинката во населба Лисиче,
парк „Радост“ на 6.000 метри квадратни во Реонски центар,
нова гимназија,
нова општинска зграда,
нов кружен тек меѓу Мичурин и Стар Аеродром,
нов мултифункционален центар со простории за младински центар,
нов спортски центар „Пирин“ во населба Лисиче,
нова спортска сала во Долно Лисиче,
музеј на МЗТ,
кино сала и театарска сцена во Ново Лисиче,
еднократна помош за новороденче зголемена од 8.000 на 20.000 денари,
стратегија за млади,
стипендии за млади таленти во износ од 30.000 денари,
спортски субвенции за млади во износ од 600 денари,
завршени сите постапки за легализација.
До денес ништо од планираното. И како по правило, друг им е крив за тоа. Владата не им одобрувала задолжување од 5,5 мил. евра, со 10 години рок на отплата и 5% годишна камата. Пази, молим те.
Се запрашал ли Тимчо, како функционираа Златко, Ивица, Киро без задолжувања? А кога ги ветуваше овие „брда и долини“ пред 2 години размисли ли како ќе ги финансира? Каде во програмата на Тимчо за Аеродром стои дека за да го реализира ветеното ќе ја задолжува општината, дека ќе ги задолжува граѓаните? И каде е програмата на Тимчо сега, да споредат граѓаните што се’ се ветуваше пред 2 години?
Вселенска програма можат да ветат така, па после „нормално“ друг ќе им биде крив што немало пари за тоа.