Русија се закани предмалку: Дефинитивно ќе се осветиме за протерувањето на амбасадорите

Русија дефинитивно ќе се освети за протерувањето на руските дипломати од бројни западни и источноевропски влади, но тоа ќе го направи кога сама ќе одлучи кое е примерно време, изјавил во средата портпаролот на Кремљ Димитриј Песков.

Дипломатите се протерани поради труењето на бившиот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија. Лондон тврди дека Москва е одговорна за тоа, но Русија негира вмешаност.

Песков не пружал никакви детали каков ќе биде рускиот одговор, но изјавил дека ќе биде во склад со руските национални интереси.

Рекол дека се надева дека државите кои ги протерале руските амбасадори внимателно ќе ги проучат информациите за кои Британија тврди дека се доказ за руското мешање во труењето на Скрипал.