Руска невидлива смрт сее страв: Овој снајпер може да погоди паричка на 4.000 метри

Руската компанија „Лобајев Армс“ развила нова верзија на пушката „Скамрак СВЛК-14С“, која е совршено прецизна и на растојание од четири километри.

– Минатата година успешно ја тестиравме пушката на растојание од 3.400 метри. Оттогаш успеавме да ја зголемиме должината на цевката, но и тежината на куршумите, вели Николај Лобајев, директор на компанијата.

Тој истакнал дека компанијата е подготвена за нов рекорд, односно дека снајперската пушка ќе биде тестирана на растојание меѓу 4.000 и 4.200 метри.

Единствен проблем засега е пронаоѓањето на соодветен полигон, бидејќи таков нема во европскиот дел на Русија.

Според неговите зборови ниедна друга пушка на светот нема таков резултат.