Руски војник притрчал во помош на девојка на која и се заканувале со пиштол, а потоа дознал што навистина се случувало

Овој московски војник дефинитивно заслужува титула „херој на денот“, но девојката која јa „спасил од киднапирање“, за жал, е актерка, баш како и „напаѓачот“ кој така храбро го совладал.

Имено, храбриот војник не сфатил дека се наоѓа на филмски сет, па кога забележал дама во неволја, на која маж и вперил пиштол во слепоочницата, незабележително му пришол на „насилникот“ зад грб и потоа го соборил на подот.

За сереќа, на војникот веднаш му објасниле што, всушност, тука се случува, дека тој го „нокаутирал“ актерот Павел Приључни, а снимката од тој несекојдневен инцидент веднаш стана хит на руските социјални мрежи.

Храбриот војник поради својот брз и храбар потег добил стотитици комплименти, бидејќи не се двоумел да го ризикува својот живот и да помогне.