Само пет тела донесени во мртовечницата во Белгород по мистериозната авионска несреќа на рускиот Ил-76, некои украински заробеници кои наводно биле во авионот веќе биле разменети претходно

Украина вели дека има разузнавачки информации кои сугерираат дека само пет тела биле испорачани од местото на падот на рускиот воен транспортен авион Ил-76 во блиската мртовечница, изјави претставник на украинската воена разузнавачка служба за Си-Ен-Ен, фрлајќи сомнеж врз тврдењето на Москва дека десетици украински воени заробеници биле убиени во експлозија.

Москва и Кијив дадоа спротивставени извештаи за тоа како Иљушин Ил-76 беше соборен во средата во рускиот регион Белгород, во близина на границата со Украина. Москва вели дека авионот превезувал украински воени заробеници, додека Кијив вели дека носел руски ракети кои ќе се користат во понатамошни напади врз Украина.

Но, најновите коментари укажуваат на зголемена увереност на Кијив дека авионот ИЛ-76, кој се урна во средата наутро во селото Јаблоново во руската област Белгород, можеби не превезувал украински воени заробеници пред размена, како што тврдеше Москва.

Андриј Јусов, портпарол на Украинското одбранбено разузнавање (ДИ), изјави за Си-Ен-Ен дека бројот на телата донесени во мртовечницата одговара на бројот на членовите на екипажот во авионот.

„Не се откриени други тела“, рече тој.

Москва тврдеше дека сите 74 лица во авионот – составен од шест членови на екипажот, три воени придружници и 65 украински војници – загинале во несреќата. Руски регионален гувернер објави список со имиња на луѓето за кои рече дека го сочинувале екипажот од шест лица.

Прашан од Си-Ен-Ен да го објасни несовпаѓањето меѓу бројот на членовите на екипажот, според кои руските власти, биле во авионот и бројот на телата што украинските разузнавачи сугерираат дека пристигнале во мртовечницата во средата, Јусов рече дека останува на своите првични коментари.

Русија првично не успеа да обезбеди визуелни докази за да ги поткрепи своите тврдења дека во авионот имало украински војници. Првото видео што се појави од местото на несреќата, од кое некои беа емитувани на руските државни медиуми, се чини дека прикажува неколку мртви тела на земјата, не се појавија никакви слики кои сугерираат дека има десетици жртви.

Рускиот истражен комитет во четвртокот објави второ видео, за кое тврдат дека е од местото на несреќата и се чини дека покажува човечки остатоци во снегот.

Видеото прикажува како истражителите мерат крвава човечка дланка и распарчена рака. Во одделни клипови, видеото покажува и воздушни снимки од местото на несреќата и остатоци од авионот. Не е јасно дали човечките останки на видеото се на истата локација како и остатоците од авионот.

Си-Ен-Ен ги лоцираше двете видеа објавени од Истражниот комитет на Русија од местото на несреќата, што одговара на локацијата на сликата на радар со синтетичка бленда (SAR) направена од Умбра Спејс за Си-Ен-Ен.

Авионот паднал во поле во рурална област Белгород, северно од малото село Јаблоново, според анализата на видеата на Си-Ен-Ен и сликата SAR.

Сликата од SAR покажува распространетост од остатоци кои се расфрлани на местото на падот на Ил-76. Полето со остатоците е долго нешто помалку од една милја и се протега на околу 800 стапки на најшироката точка.

Други неосновани обвинувања од Москва

Москва, исто така, го обвини Кијив за соборување на авионот со противвоздушен ракетен систем од украинска територија, тврдејќи дека радарската опрема на руските воздушни сили открила два украински проектила. Украинската воена команда соопшти дека смета дека руските воени авиони кои се приближуваат до Белгород како легитимна цел, но не потврдија дека пукале во авионот.

Си-Ен-Ен не можеше самостојно да ги потврди тврдењата на двете страни. И Москва и Кијив се согласуваат дека размена на затвореници била планирана за среда, а размената требала да се случи на околу 60 километри западно од градот Белгород. Украинскиот омбудсман Дмитро Лубинец изјави во четвртокот во телевизиско интервју дека размената била планирана и дека „претставниците на нашата институција биле присутни“.

Но, Јусов рече дека Украина не добила известување дека затворениците ќе бидат пренесени во регионот, наместо да бидат префрлени по пат или железница. Во единствената друга неодамнешна размена на воени заробеници, што се случи претходно овој месец, Русија испрати предупредување за деконфликт до Украина за да го задржи воздушниот простор на Белгород слободен, рече Јусов, што Украина го набљудуваше.

Јусов, исто така, тврдеше дека руските авиони ИЛ-76 често се користеле за носење ракети С-300 до напредните позиции и дека Русија ги обновувала своите ракети во регионот Белгород по неколку бранови напади врз блискиот украински град Харкив.

Коментарите на Јусов, кои фрлаат сомнеж на обвинувањата од Москва, ги повторуваат сличните забелешки дадени во текот на ноќта кон четвртокот од Микола Олешчук, командант на украинските воздухопловни сили.

„Излудената руска пропаганда насочува проток на лажни информации кон надворешната публика во обид да ја дискредитира Украина во очите на светската заедница“, рече тој во изјавата.

Лубинец, исто така, ја нарече неоснованото тврдење на Москва „жив пример дека Русија однапред планира информативна кампања против Украина“.

Тој рече дека испратил официјални писма до ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) каде прашува дали биле информирани од Русија за трансфер на воени заробеници со авион.

Украинската служба за безбедност (СБУ) во четвртокот започна кривична истрага за несреќата. Владиното тело за комуникации, исто така, повика на меѓународна истрага за инцидентот, велејќи дека „нема докази дека некој украински граѓани бил убиен во авионот“ и дека „не може да им се верува на руските официјални изјави“.

Некои заробеници од списокот веќе биле претходно разменети

Доплонително, комесарот за човекови права на украинскиот парламент Дмитро Лубинец во изјава дадена за Sky News вели дека на списокот на украински воени заробеници кои наводно биле „во соборениот авион ИЛ-76“, објавен од руските пропагандисти, се наоѓаат имињата на луѓето кои претходно биле разменети.

„Да, на овој список ги најдовме граѓаните на Украина кои претходно биле веќе разменети“, изјави Лубинец.

Според извештајот на Институтот за проучување на војната (ISW) неколку руски и украински извори забележале дека барем еден од наводните заробеници од списокот со 65 имиња кој го објави руската ТВ-новинарка Маргарита Симонјан, која се смета за жесток пропагандист на Путин, веќе бил разменет во претходна размена на заробеници на 3 јануари и се вратил во Украина.

Драган Мишев

Извор: Civilmedia.mk

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Бојмацалиев за ТВ21: МВР не потфрли во нарачката на обрасци, капацитетите на МВР покажаа услуга кон 170.000 граѓани во декември и јануари

Во вестите на ТВ21 дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше запрашан за најавената истрага во врска со обрасците за патни исправи во процесот на промена на лични документи на граѓаните. „Истрагата е побарана од новиот технички министер Панче Тошковски. Можам да потврдам дека не се работи за Прочитај повеќе...

Бојмацалиев: Не се работи за никаква саботажа во МВР, пристигнуваат обрасците за пасоши кои ќе ги задоволат потребите на граѓаните

„Не се работи за никаква саботажа во Министерството за внатрешни работи. На самиот ден на примопредавање на функцијата во МВР пристигнаа 50.000 пасоши, минатата недела пристигнаа уште 20.000 пасоши, во четврток или петок треба да добиеме некоја бројка од 100.000 пасоши и наредната недела уште 120.000 пасоши. Со тие обрасци Прочитај повеќе...

Бојмацалиев: Нигде во дописот на Европската Унија не се вели дека граѓаните може да патуваат со пасоши со старото име на државата

„Нигде во дописот на Европската Унија се вели дека граѓаните може да патуваат. Таму пишува дека треба да се изнајде решение, а во моментов сите земји членки да одлучуваат самостојно, бидејќи Република Грција ги има известено, а од нас нема никакво известување. И има прашање до нас, уште колку време Прочитај повеќе...

Бојмацалиев: Препознаено е уште едно лице од инцидентот во кој  полицаец нападна друг колега полицаец во скопски локал

„Во истрагата која е водена од страна на внатрешна контрола и службените белешки од вечерта на инцидентот, две службени лица одбиле да постапат по наредба, односно не сакале да го приведат лицето кое ги нападнало и по истите ќе започне дисциплинска постапка. На снимките од инцидентот е препознаено уште едно Прочитај повеќе...

Времето се менува – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

Во следните денови ќе се задржи релативно топло време со умерен, а во петок и за време на викендот наместа засилен ветер од јужен правец. Повремени врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник. Прогноза за 23.02.2024 Минимална температура: 1°C до 7°C Максимална температура: 12°C до 18°C Сончево Прочитај повеќе...

Бојмацалиев: Нигде во дописот на Европската Унија не се вели дека граѓаните може да патуваат со пасоши со старото име на државата

„Нигде во дописот на Европската Унија се вели дека граѓаните може да патуваат. Таму пишува дека треба да се изнајде решение, а во моментов сите земји членки да одлучуваат самостојно, бидејќи Република Грција ги има известено, а од нас нема никакво известување. И има прашање до нас, уште колку време ни е потребно за промена […] Прочитај повеќе...

Бојмацалиев за ТВ21: МВР не потфрли во нарачката на обрасци, капацитетите на МВР покажаа услуга кон 170.000 граѓани во декември и јануари

Во вестите на ТВ21 дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше запрашан за најавената истрага во врска со обрасците за патни исправи во процесот на промена на лични документи на граѓаните. „Истрагата е побарана од новиот технички министер Панче Тошковски. Можам да потврдам дека не се работи за никаква саботажа во МВР и […] Прочитај повеќе...

Бојмацалиев: Не се работи за никаква саботажа во МВР, пристигнуваат обрасците за пасоши кои ќе ги задоволат потребите на граѓаните

„Не се работи за никаква саботажа во Министерството за внатрешни работи. На самиот ден на примопредавање на функцијата во МВР пристигнаа 50.000 пасоши, минатата недела пристигнаа уште 20.000 пасоши, во четврток или петок треба да добиеме некоја бројка од 100.000 пасоши и наредната недела уште 120.000 пасоши. Со тие обрасци кои стигнаа и овие кои […] Прочитај повеќе...

Бојмацалиев: Препознаено е уште едно лице од инцидентот во кој  полицаец нападна друг колега полицаец во скопски локал

„Во истрагата која е водена од страна на внатрешна контрола и службените белешки од вечерта на инцидентот, две службени лица одбиле да постапат по наредба, односно не сакале да го приведат лицето кое ги нападнало и по истите ќе започне дисциплинска постапка. На снимките од инцидентот е препознаено уште едно лице кое е во друштво […] Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Го враќаме симболот на Скопје – Универзалната сала, објектот треба да биде готов за три години

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ги најави градежните активности за реконструкција и адаптација на Универзалната сала, откако Министерството за култура со Договор ги презеде правата од Град Скопје. „Ние знаеме што значи развојот на културата, а тој не е можен без овој мултифункционален објект. Оваа сала припаѓа на сите – на уметниците, на културните […] Прочитај повеќе...

Ја надминаа кризата: Европејците трошат се помалку гас

Потрошувачката на природен гас во Европа падна на најниско ниво во последните десет години во 2023 година. Ова го објави Американскиот институт за енергетска економија и финансиска анализа (IEEFA) во нов извештај. За две години од почетокот на војната во Украина, европската побарувачка за гас е намалена за 20 отсто... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Курсна листа за 22 февруари 2024

Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 21.02.2024 која се применува од 00:00 часот на 22.02.2024 година до почетокот на важење на новата Курсна листа. Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Бахамите, Сејшелите, Белизе и двата острови на Карибите повеќе не се даночни оази за ЕУ

Членките на ЕУ ја ажурираа европската црна листа на даночни раеви. Од него се повлекоа Бахамите, Сејшелите, Белизе и карипските острови Туркс и Кајкос. Списокот сега вклучува 12 јурисдикции, објавија Советот на ЕУ и Европската комисија. Црната листа на даночни раеви беше формирана од Унијата во декември 2017 година за... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Во јануари: Годишен раст од 10,0% на вкупните депозити и од 5,7% на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,0%, како резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 5,7%, којшто се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Народната банка и ЕИБ ќе соработуваат за поддршка на зелените финансии

Народната банка и Европската инвестициска банка (ЕИБ), денеска, потпишаа Договор за соработка, со кој се обезбедува поддршка на напорите на Народната банка во сферата на зелените финансии. Договорот беше потпишан од страна на гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска и претставникот на ЕИБ во земјава, Бјорн Габриел, додека на средбата присуствуваше амбасадорот на... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...