Се очекуваат обилни врнежи од СНЕГ низ цела Македонија – еве од кога

Утре ќе бидеме под влијание на студен и влажен бран од северозапад, така што времето ќе биде облачно студено и ветовито со врнежи од дожд.

На повисоките места и на планините ќе врне снег.

Попладне постепено врнежите се очекува насекаде да поминат во снег и на повеќе места ќе се формира снежна покривка. Пообилни врнежи ќе има во источните и североисточните делови каде локално можно е да наврнат над 10 см снег.

И во вторник ќе биде студено и ветровито, претпладне на истокот сеште има услови за повремен слаб снег.

Во среда ќе има преодна стабилизација, а во четврток се очекува нов влажен бран.