Се опијанил во кафеана во Романија, а се разбудил СРЕДЕ ЛОНДОН – не се сеќава на ништо

Невработен Романец седнал да пие во локална кафеана, а се разбудил 2.695 километри од неговиот дом!

Михаи Данчиу рекол дека последното нешто на што се сеќава е одењето во паб во Албести, Романија, со своите пријатели на кои им кажувал дека може да најде работа.

Тој се разбудил во двор на една зграда во центарот на Лондон. Целиот бил во модринки, а вели дека бил шокиран кога забележал дека сите околу него зборуваат Англиски. Данчиу бил однесен во болница, а таму му потврдиле дека се наоѓа во Лондон.

Локалните медиуми во Романија потврдиле дека Михаи последен пат бил виден во кафеана.

Соседите велат дека Михаи живеел со партнерката и нивните деца. Додаваат дека тој бил добар човек, но во последно време премногу се одал на алкохолот.

Се претпоставува дека Данчиу до Лондон стигнал со автобус, затоа што не би го пуштиле во авион пијан.