Се претставувал како гинеколог и прегледувал атрактивни жени со денови

Се претставувал како гинеколог и со денови прегледувал атрактивни жени

Антон Јарин, 32-годишен маж од Русија кој неодамна излегол од затвор поради кражба, повторно се нашол во полициска станица, овој пат затоа што „позајмил“ идентитет.

Имено, Јарин во тамошна болница со денови лажно им се претставувал на пациентите, помеѓу другото и како гинеколог, што му овозможило да прегледува атрактивни жени во ординација.

Колку девојки прегледал не е објавено, но руските медиуми пренесоа дека од почетокот на јануари глумел и хирург.

За среќа, не фатил скалпел, а медицинската кариера му е прекината кога една пациентка го пријавила неговото однесување на управата на болницата.

Веднаш го уапсиле, а Јарин се обидел да се оправда – рекол дека во болницата дошол за да одработи водоинсталерска работа.

Било како било, во меѓувреме е пуштен на слобода бидејќи е утврдено дека ништо не украл.