Се скарал со шефицата, па и го запалил автомобилот

Маж (31) од околината на Мерошина, Србија во ноќта на 16 март го запалил автомобилот на 32-годишна жена која му е шефица во позната странска фирма во Ниш.

Против мажот полицијата поднела кривична пријава, бидејќи го запалил автомобилот „сеат ибица“ на шефицата.

Сторителот вднаш избегал, но само неколку часа подоцна бил идентификуван. Прво негирал, а подоцна признал што направил.

Мотивите се пореметени односи помеѓу двајцата бидејќи често имале несогласувања на работа. Наводно, после караница шефицата на вработениот му ја сменила смената, па се одлучил на ваквиот чекор.