Се смирува ли коронавирус кризата во Преспа – Денес е соопштено дека се заразени само 2 лица

Дали се смирува коронавирус кризата во Преспа? Денес беа забележани два нови случаи на коронавирус, што е драстичен пад од претходните денови.

Над 100 лица се во самоизолација, а од вчера не работат поголемите фабрики. За четири дена регистрирани се вкупно 34 случаи на коронавирус во градот, од кои еден имаше и смртен исход.

Ресенчани се едни од ретките граѓани кои во изминатиов период строго ги почитуваат сите мерки за заштита од коронавирусот.