Се судриле на автопат и излегле да ја проверат штетата – следела СТРАШНА ТРАГЕДИЈА

Четири лица смртно настрадале во страшна сообраќајна несреќа која ја предизвикале овци на автопат во близина на Пекинг.

Како што се гледа во видеото, три овци излегле на исклучително фрекфентен автопат кој ги поврзува градовите Харбин и Пекинг.

Животните изгледале изгубено, и избегнувајќи ги автомобилите, предизвикале верижен судир.

Првиот од автомобилите успеал некако да закочи и да удри една овца, но потоа во него се забиле два други автомобили.

Возачите излегле од автомобилите за да ја видат штетата. Меѓутоа, следела трагедија.

На камион, кој возел со голема брзина, му откажале кочниците, па возачот немал многу опции. Се обидел да го пробие браникот од левата страна.

За жал, во тоа не успеал и прегазил четири лица од автомобилите кои учествувале во судирот.

Според полицискиот извештај, две лица загинале на лице место, додека останатите две им подлегнале на повредите во болница.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Видеото е со вознемирувачка содржина