Се враќа и снегот: Еве кога точно доаѓа студениот бран и колку ќе трае (Анимација)

За викендов ни се враќа вистинско зимско време. И ќе потрае!

Како што сме поблиску до деновите за кои е најавено заладување и снег, така и прогнозата е поточна, па според моменталните показатели, по утрешните +21 и +25 во сабота, следи голем пад на температурите, а доаѓаат и нови врнежи од дожд и снег, и тоа обилни.

Според податоците, таквото студено зимско време би можело да потрае околу недела дена.

И според анимацијата која ја објави Severe Weather Europe, се чини дека зимското време ќе не следи до 24 март, кога се очекува ново затоплување и постепен раст на температурите.

Според прогнозата на УХМР, утре во западните и крајните источни делови ќе има повремен дожд. Во сабота во текот на денот ќе дува засилен повремено силен јужен ветер што ќе предизвика значително повисоки дневни температури.

Од сабота попладне и во недела ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни.

Врнежи со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе бидат во опаѓање.