Се засилуваат заложбите повторно да се отвори Лекторат по македонски јазик во Тирана – нови чекори за иницијативата

Иницијативата повторно да се отвори Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, по заложбите на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), веќе се забрзува, со сигурни чекори. Интерес, подготвеност и подадена рака за вложување во перспективите на македонистиката во Албанија, сега има и од тиранскиот Факултет за странски јазици, со желба токму Лекторатот по македонски јазик да е централна точка на натамошната соработка и на развивањето на врските меѓу двете академски заедници – македонската и албанската. Заложбите постануваат взаемни и се засилуваат, што е клучно за иницијативата да се оствари до крај.

На 19 мај оваа година, во Тирана се одржа работен состанок на директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, деканката на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, проф. д-р Есмералда Кромида, продеканката за меѓународна соработка, проф. д-р Дрита Рира и македонскиот амбасадор во Албанија, Н.Е. Данчо Марковски. Состанокот во целост беше посветен на перспективите на македонистиката, а следеше откако МСМЈЛК при УКИМ веќе ги има остварено и сите чекори пред македонските институции за да се создадат услови за избор на лектор кој ќе ја изведува наставата по македонски јазик во Тирана, односно за обезбедување финансиски средства за функционирање на Лекторатот.

– Македонскиот јазик, литература и култура да се изучуваат на повеќето универзитетски центри во културните и академски средини каде што има интерес за македонитиката – ова е наша цел и определба за чиешто остварување секојдневно работиме. Затоа, имајќи го предвид забележливиот интерес за македонистиката и во Албанија, каде македонската заедница е втора по бројност меѓу малцинствата и каде преку друштвото „Илинден“ беше истакната потребата од факултетска настава по македонистика, изминатиов период толку силно се залагаме иницијативата за повторно отворање на Лекторатот да се оствари, со цел да се овозможи студентите кои студираат јазици на Универзитет во Тирана да можат да го изучуваат и македонскиот јазик. Но, мора да се има предвид дека за да се оствари секоја ваква иницијатива, неопходно е да има интерес и желба и подготвеност за соработка и од Универзитетот, односно Факултетот на кој треба да функционира лекторатот. Оттука, клучно е што по заложбите изминатиот период, оваа иницијатива ја прифааат и колегите од тиранскиот Факултет за странски јазици, затоа што без тоа, објективно, целосното остварување на иницијативата би било невозможно или многу потешко остварливо. Се надевам дека со овој работен состанок, заеднички започнавме едно важно и убаво поглавје на развојот на македонистиката и во Албанија, кое посакуваме да биде пример и за другите иницијативи за присуство на македонистиката на странски универзитети за кои се залагаме, нагласи директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Весна Мојсова-Чепишевска, по работниот состанок.

Според неа, уште поважно е што на состанокот, во дискусиите се согледа дека прифаќањето на оваа иницијатива е со взаемна подготвеност не само за повторно отпочнување настава по македонски јазик, туку и за заеднички натамошни заложби за афирмација на македонистиката во Тирана и за постојано развивање на соработката, што како што напоменува, може да резултира со брз развој на Лекторатот.

На состанокот е констатирано дека е потребно да се овозможи македонскиот јазик, во Тирана да го изучуваат сите тамошни студенти кои одлучиле или ќе одлучат да се посветат на изучувањето на словенските или балканските јазици и на почетокот, наставата да се одвива во два, па потоа и во четири семестри. Ама и да не се запре тука, туку понатаму да се продолжи и со предметни програми за македонска литература и култура и со заеднички вложувања постепено да се создаваат услови на Факултетот да има и посебен студиум по македонистика.

– Откако веќе цврсто си подадовме рака за соработка со колегите од Тирана, со решеност и таму да се развива македонистиката и откако активностите веќе имаат поддршка и од нашата амбасада со цел Лекторатот да биде средиште на афирмацијата на македонистиката во тамошната академска средина, веќе се остварени клучните предуслови за повторно отворање Лекторат по македонски јазик во Тирана. По добивањето одговор на барањето упатено од УКИМ до надлежните македонски институции, кој искрено верувам дека ќе биде позитивен за да може да се избере и испрати лектор, Лекторатот ќе може да почне да функционира, со настава по македонски јазик за сите заинтересирани студенти, истакнува Мојсова-Чепишевска.

Таа напоменува дека одделно важно е што зад иницијативата за повторно отворање на Лекторатот по македонски јазик во Тирана, со поддршка и дипломатски заложби застана и македонската амбасада, пред сè амбасадорот Данчо Марковски, кој се заложи и за работниот состанок, но и на самиот состанок на Факултетот за странски јазици. Имено Н.Е. Марковски беше македонски амбасадор и во 2008 година кога на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека се отвори и Лекторатот по македонски јазик за кој оваа година на 10 и 11 мај се одбележа мала по години, но голема по значење – 15-годишнина од неговото работење. А, присуството и развивањето на македонистиката на странските универзитети, според Мојсова-Чепишевска, секогаш треба да е државен приоритет.

По одржаниот состанок, на Факултетот за странски јазици во Тирана му беа подарени повеќе изданија на МСМЈЛК при УКИМ – учебници и зборници со предавања и научни трудови за македонскиот јазик, литература и култура, со кои веќе ќе почне да се оформува македонистички дел во фондот на факултетската библиотека, достапен за сите студенти и професори на Факултетот.

Инаку, иницијативата за повторно отворање на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана, кој запрел со работа пред нешто повеќе од десеттина години, се покрена во декември минатата година, на состанок на МСМЈЛК при УКИМ и Македонското друштво „Илинден“ од Тирана. Како што беше напоменато и тогаш, по работната средба меѓу директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Весна Мојсова-Чепишевска и претседателот на Друштвото, Никола Ѓурѓај, овој лекторат би придонел не само за присуството на македонистиката во албанската академска средина, туку и за содејство во развојот и на македонската и на албанската филологија, затоа што со добри познавачи на двата јазика во двете земји ќе може да се остварат и заеднички чекори во унапредувањето на балканистиката. Едновремено, како што беше напоменато од страна на сите присутни, и од албанската страна, претставени преку деканката и продеканката на Факултетот за странски јазици, проф. д-р Есмералда Кромида и проф. д-р Дрита Рира, и од македонската страна, од Н.Е. Данчо Марковски и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, со работата на Лекторатот би се отвориле перспективи и за заеднички научноистражувачки проекти на двата универзита, но и за нови активности во областа на образованието и културата кои ќе овозможат нови синтези меѓу двата народа.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
РКЕ ќе стокми нова цена на горивата – Каква одлука ќе биде донесена?

На лондонската берза нафтата се движи по цена од 75 долари за барел од типот брент покажаа последните податоци. Регулаторната Комисија денес се очекува да ги потврди новите цени на горивата. Ова се актуелните цени на бензините и нафтата: ЕУРОСУПЕР БС – 95 80.5 ден/литар ; ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)... Прочитај повеќе...

„Резултати што прават разлика“: СДСМ ја започна изградбата на автопатот Прилеп – Битола и СДСМ ќе го пушти во употреба

На денешната трибина „Резултати што прават разлика“ членот на Централниот одбор на СДСМ, Благој Бочварски посочи дека преку изградбата на коридорот 10 Д конечно се стави крај на дилемите кој и кога ќе го гради автопатот кон Битола. „Драго ми е што оваа трибина се одржува во Битола и што... Прочитај повеќе...

Лукаревска од трбината во Битола: Мицкоски да одлучи, или е за ЕУ или е за Левица

На денешната трибина „Резултати што прават разлика“ одржана во Битола, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска посочи дека е време како држава да го заокружиме процесот за продолжување на европскиот пат, повика на одговорност од сите политички чинители а опозицијата ја повика да се одлучи дали се за ЕУ или... Прочитај повеќе...

(НАЈАВА) Министерот за надворешна трговија и економски односи на БИХ Сташа Кошарац во посета на Северна Македонија на средба со министерот за економија Крешник Бектеши

Министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац од утре (29.05.2023) ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. Кошарац ќе биде пречекан од министерот за економија Крешник Бектеши по што ќе биде реализирана билатерална средба на двајцата министри, а ќе бидат потпишани и два... Прочитај повеќе...

Трибина „Резултати што прават разлика“: Додека Скопје мака мачи со јавниот превоз, Струмица станува прв град на Балканот со целосно електричен јавен превоз

Во своето обраќање на денешната трибина „Резултати што прават разлика“ членот на Извршниот одбор на СДСМ, Костадин Костадинов ги презентираше идните проекти на општина Струмица што имаат за цел да ги унапредат инфраструктурата и сообраќајот во општина Струмица. „Додека Скопје како главен град во државата кубури со јавниот прево, Струмица... Прочитај повеќе...

Пари ќе им паѓаат од небо на овие хороскопски знаци во јуни – Голем финансиски хороскоп за сите знаци

Овен (21 март – 19 април): Во јуни 2023 година, Овен, може да доживеете поттик во вашата финансиска состојба. Може да ви се појават нови можности за зголемен приход. Важно е да се задржи избалансиран пристап и да се избегне импулсивно трошење. Одвојте време да ги процените ризиците и да... Прочитај повеќе...

Полицијата упадна во повеќе локали во Битола, затекнати малолетници по полноќ

Денеска (28.05.2023) во временскиот период од 00.00 до 01.30 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола спроведена била акциска контрола и во еден угостителски објект во Битола биле затекнати 4 малолетници после 00.00 часот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена прекршочна пријава по... Прочитај повеќе...

Млад скопјанец претепан од три лица во центарот на Скопје

Денеска (28.05.2023) во 02.10 часот И.С.(20) од Скопје пријавил дека околу 00.20 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Прочитај повеќе...

Лукаревска на трибината „Резултати што прават разлика“: Изградбата на коридорите ќе донесат 8.000 нови работни места и раст од 2 % на БДП годишно

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во обраќањето на денешната трибина „Резултати што прават разлика“ кусо се осврна и на успесите на СДСМ во изминатите години во делот на инфраструктурата. „Изградивме и обновивме преку 1.400 километри патишта. Над 69 километри автопатски делници се направени. Во тек е изградба на 190... Прочитај повеќе...

Нападнат фудбалски судија на детска лига помеѓу екипи од Штип и Тетово

На 27.05.2023 во 09.52 часот Г.М.(40) од Скопје пријавил дека на спортскиот стадион “Петар Милошевски“ во Скопје, каде бил фудбалски судија на фудбалски натпревар од детска лига помеѓу екипи од Штип и од Тетово, по завршување на натпреварот бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на... Прочитај повеќе...

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители […] The post Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за Centar.mk. За овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 […] The post Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на градежните материјали. Со најава дека цените на становите во Македонија ќе паднат неодамна излезе […] The post Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република Северна Македонија – НАТТА на која се избраа органите и формите на делување. На седницата согласно Правилата за работа на Асоцијацијата, усвоен е предлогот за […] The post Оддржана констутивна седница на НАТТА appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС кон сите мрежи и 2 GB интернет со важност од 30 дена или xtraNEТ S со 3 GB интернет со важност од 7 дена. Промотивниот […] The post Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy