Секоја политичка игра има почеток и крај

Дека сѐ e контингентно и подложно на преговори е закономерност во политиката. Од друга страна, било каков крупен пост-изборен компромис закономерно создава крупни ризици по интегритетот на изборните ветувања и доколку се случи, најчесто води во крупно разочарување и раслојување на членството и партијата.

Тони ПОПОВСКИ

Дека сѐ e контингентно и подложно на преговори е закономерност во политиката. Од друга страна, било каков крупен пост-изборен компромис закономерно создава крупни ризици по интегритетот на изборните ветувања и доколку се случи, најчесто води во крупно разочарување и раслојување на членството и партијата.

Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи со оваа реторика и непопустливост по однос на уставните измени, сосема свесно го намалува сопствениот простор за компромис и евентуална пост-изборна поддршка на уставните измени, направена во име на неопходно, не само квалитативно туку пред сѐ квантитативно партнерство за создавање на Влада со некоја партија или групација од веќе поприлично фрагментираниот албански политички камп. Некој ќе рече дека во име на владеење и поврзаните привилегии и реална моќ, водството на ВМРО-ДПМНЕ ќе им „протне“ и совршено тежок компромис на сопствените членови и подржувачи, а особено на оние кои се првенствено „клиенти“ на партијата, но атмосферата е толку зовриена што нема гаранција дека партијата успешно ќе го исконтролира и „преживее“ бесот предизвикан од разочарување на поширока група на воспалени подржувачи. Со други зборови, партијата е многу блиску да ја преигра сопствената политичка игра. Притоа, Влада без партнер од албанскиот политички камп е теоретски можна, но исклучително ризична по внатре-политичката стабилност на Републиката.

Влада без партнер од албанскиот политички камп е теоретски можна, но исклучително ризична по внатре-политичката стабилност на Републиката.

Левица и донекаде Алијансата на Албанците се две неизвесни варијалби во тековната политичка игра. Особено вторите се во комплексна ситуација, бидејќи како самостојна партија и во минатото и сега заостануваат зад ДУИ, како партија која безмалку во континуитет има популарност барем кај половина од избирачите Албанци, но благо заостануваат и зад новата коалиција на БЕСА со екс БЕСА и екс ДУИ фракциите. Последниве, фракциите од БЕСА и ДУИ наспроти БЕСА чија врата за партнерство со ВМРО-ДПМНЕ е највидливо подотворена, се истотака значајна трета варијабла, и од нивните наративи се стекнува сознание дека условот за партнерство повторно се уставните измени, впрочем на новата групација и дадоа префикс Европска.

Левица, е практична варијабла само доколку ВМРО-ДПМНЕ е подготвена безмалку целосно да се отуѓи себеси, но и да ја отуѓи државата од семејството на либерални демократии и членството во НАТО. Емоционално придвижен макијавелизам во смисла по секоја цена да се владее, па ако мора и со Левица, носејќи ги СДСМ и ДУИ во опозиција, ќе не воведе во состојба на тешко управливи внатрешно – политички и социо-економски ризици. Составување на таква Влада ќе биде краткорочна и пирова победа. Истото се однесува и на БЕСА со фракциите од БЕСА и ДУИ, доколку во име и од интерес за владеење, се откажат од можноста да повлијаат за исчекор на европскиот пат преку донесување на уставните измени.

Наредна, четврта но не помалку значајна варијабла е изборниот капитал од 8 – 9 пратеници на сите помали партии од македонскиот политички камп, од кои барем досега, две третини произлегуваа од заеднички предизборни листи. Преостаната близу една третина на последните собраниски избори ја артикулираше Левица. Сепак во моментов, динамиката во кампот на „помалите“ е суштински раздвижена.

Левица од своја страна го надградува почетниот политички капитал кој беше создаден врз антиестаблишмент сентимент, присутен и претходно во аполитични кругови на избирачи, со нова и агресивна политичка понуда, особено за младите и осиромашени делови од населението кои најдиректно ги чувствуваат последиците од продлабочените социо-економски нееднаквости. Левица сѐ уште црпи околу 15% поддршка од избирачи кои активно учествуваа во „Шарената револуција“, но политичката понуда е проширена и првенствено упатена кон реакционерни и радикални делови од населението кои апстинираа на последните собраниски избори. На овој начин Левица ја компензира потенцијално намалената излезност на разочараните “шарени револуционери“ – иницијални поддржувачи на тековнаата Влада, со нов базен радикализирани избирачи. Оттаму и заедничкиот наод во низа последни анкети на јавното мислење, е дека излезноста ќе биде над 55%.

Интересен за понатамошна анализа е токму базенот на разочараните “шарени револуционери“ како потенцијални избирачи. ВМРО ДПМНЕ и Левица имаат многу ограничен пристап и во основа, несоодветна политичка понуда за нив. Се работи првенствено за базен на потенцијални избирачи од средна класа и со повисок степен на образование, во Скопје и поголемите градови, без оглед на етничката припадност.

Од своја страна, СДСМ и помалите партии кои останаа лојални на владеачката коалиција, иако свесни за разочарувањето токму од нив, се обидуваат да ги вратат овие избирачи, нудејќи меѓуетнички Европски фронт и реторика со гласни предупредувања дека пораз на претстојните избори би значел целосна ревитализација на амбиентот кој впрочем ја предизвика „Шарената револуција“, но и други тешко управливи ризици.

Проблем со оваа тактика е дека не донесе резултат на локалните избори и неизвесно е дали еднаш поразена тактика ќе донесе резултат на претстојните собраниски избори. Клучната супстанца во оваа тактика е создавањето на впечаток за „безалтернтивност“ односно дефинирање на изборот помеѓу две алтернативи, таа на Европскиот Фронт и другата на ВМРО-ДПМНЕ со Левица. Во многу нешта, слична е и тактиката на вторите, која од своја страна сепак обезбеди успешен резултат на локалните избори, каков што имаа и листи на здруженија на граѓани кои произлегоа од шарените револуционерни процеси и кругови. Последново е индикативно за привлечната моќ на „градските каузи“ какви што се човекомерниот и зелен урбанизам, бескомромисната заштита на животната средина и не помалку значајното „Нема правда нема мир“ односно владеењето на правото и ефективното спречување на корупцијата.

Дека „безалтернативноста“ е симулакрум, докажува алтернативната понуда која ја пласира партијата на Максим Димитриевски како и обидот низ „Солуција“ на Никола Димитров да се реартикулира изворната понуда кон „Шарените“. Но и овие две понуди имаат свои хендикепи.

Проектот на Димитриевски директно нурнува во базенот на избирачи на СДСМ низ понуда за ревитализација на прото-комунистичкиот конзервативизам и антифашизам како наследство на СДСМ, позиционирајќи се помеѓу понудата на Левица и сегашното центристичко водство на СДСМ.

Димитриевски и Димитров го нервираат СДСМ на ист начин како што Левица ја нервира ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи си дозволуваат комфорно да нуркаат и пливаат, градно и грбно, да брануваат и да прават други нешта во базени врз кои сопственичко право полагаат „големите“.

Од друга страна, солуцијата или решението на Димитров е да се привлечат сите околу каузата за враќање на правдата дома, но и да се чека на враќање на правдата во Брисел, отфрлајќи ги уставните измени преку кревање на „рачна“, се додека Брисел не доживее политичка епифанија, просветлување, искрено каење и давање свечена заклетва дека од сега натаму ќе се придржуваат до златниот стандард во процесот на проширување, и тоа сите до еден, а не како досега сите без еден (двајца). Димитров и ценетата дружина околу него покрај реалната шанса да воскрснат дел од „Шарените“ на кои каузите им се примарни, само теоретски може да ја донесат правдата без да се отвори и успешно затвори поглавјето за Владеење на правото. Да можеше поинаку, досега ќе ја донесевме „Европа дома“.

Бидејќи и овие две алтернативни понуди нема да привлечат значаен дел од преостанатиот базен на „Шарените“ останува можноста овие избирачи да бидат енергизирани со понуда која ја носи правдата дома, но, истовремено го одглавува патот кон ЕУ. Оваа понуда е поблиска до таа на Европскиот фронт, но сепак со можност од независна позиција да повлијае за порешително придржување кон граѓанските каузи и нивно поефикасно исполнување.

Извор: Racin.mk

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Уште еден земјотрес во Македонија

Прилично слаб земјотрес со епицентеар близу Кичево, а јачината била од 2 степени според рихтер. Според ЕМСЦ земјотресот бил на длабочина од десет километри. Прочитај повеќе...

Загина српскиот репрезентативец, освојувач на медали од Светско првенство

Стефан Савиќ, репрезентативецот на Србија во ММА, беше убиен претходната вечер во Белград, на 23-годишна возраст. Информацијата дека загина овој млад ММА борец ја објави Арена Спорт, која воедно изрази сочувство до семејството. Се испостави дека тој настрадал во инцидент што се случил во текот на ноќта на аголот од Прочитај повеќе...

Повеќемина скопјани искасани од кучиња скитници

На 24.02.2024 во 19.40 часот во Полициската станица Центар М.С.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Светиниколска“ во Скопје била касната од куче скитник. На 24.02.2024 во 19.45 часот во Полициската станица Карпош, М.М.(23) од Скопје пријавил дека на бул.„Илинден“ во Скопје бил каснат од куче скитник. На 24.02.2024 во 15.25 Прочитај повеќе...

Полицијата во Скопје направи парче со казни: Дури 167 граѓани ќе треба да платат казнен налог, некои ќе останат и без возачка

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за возење под Прочитај повеќе...

Прегазено младо момче во Скопје

Денеска (25.02.2024) во 03.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Железничка“ и ул.„Димче Мирчев“ патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(40) од Скопје, удрило во пешак (26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Прочитај повеќе...

Нов земјотрес во Македонија

Слаб земјотрес со епицентеар близу Кичево, а јачината била од 2 степени според рихтер. Според ЕМСЦ земјотресот бил на длабочина од десет километри. Прочитај повеќе...

ЕВТИНО ЛЕТУВАЊЕ ВО СОСЕДСТВОТО И ТОА НА МОРЕ: Цените почнуваат од 150 евра

Туризмот во Бугарија забележа значителен пораст во последните месеци од 2023 година, при што вкупниот приход од ноќевањата е зголемен за 19,8 отсто, што изнесува неверојатни 89,7 милиони бугарски лева или 45.808.353 милиони евра. Ова зголемување е поттикнато од значителниот придонес на нерезидентите, кои сочинуваат речиси 14,5 милиони евра од вкупниот приход, објави веб-страницата БНН. […] Прочитај повеќе...

„БЕЗ 2.000 ЕВРА ОВДЕ УМИРАТЕ ОД ГЛАД“: Марија од оваа европска земја шокираше со цените

Девојка од Балканот со име Марија, која се нашла во еден од финските супермаркети и снимила на лице место кои се цените на производите и објавила на својот „Тикток“, шокираше со скапотијата што владее таму. Таа напиша „тука ќе умре човек без 2.000 евра месечно“. „Не знам кој ме излажа дека Финска не е толку […] Прочитај повеќе...

Скопјанец се преврте со четирицикл, итно е пренесен во градска

На 24.02.2024 во 11.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на место викано „Душановац“, атар на с.Бањани-скопско, лице(65) од Скопје додека управувал четирицикл, се превртел и бил потиснат од четирициклот. Лицето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од […] Прочитај повеќе...

Тешка сообраќајка на автопатот Скопје-Гостивар, има повредени

На 24.02.2024 во 11.45 часот било пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на наплатна станица во Гостивар, товарно возило „ивеко“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од лице(47) од Гостивар, удрило во заштитна ограда и метална канделабра. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од […] Прочитај повеќе...

Работната недела трајно скратена на 4 дена, платата иста: Синдикатите во Европа бараат од работодавците и властите да се огледаат на Британците

Одредени британски компании трајно воведоа четиридневна работна недела, по најголемиот светски тест, кој потврди дека овој тип на работна организација ја зголемува продуктивноста и задоволството на работниците. Всушност, повеќето од компаниите кои учествуваа на тестот трајно ја воведоа четиридневната работна недела, додека сите менаџери рекоа дека четиридневната работна недела има... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Цените на недвижностите „дивеат“: Воведуваат нов данок

Канадската провинција Британска Колумбија сака да воведе данок до 20 отсто на приходите од продажба на станбени недвижности во рок од две години од купувањето, покажа буџетот за 2024 година. Продавачите би платиле данок од 20 отсто доколку го продадат имотот во рок од 365 дена од купувањето. Во втората... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Бундесбанка: Никогаш поголем минус, за прв пат во историјата

Бундесбанката забележа негативни приходи од камати. Загубите што ги направи германската централна банка во милијарди евра во текот на 2023 година се резултат на повисоките каматни стапки, кои ја принудија Бундесбанката да ги повлече сите свои резерви. Бундесбанк објави нулта годишна распределба на добивката во петокот, откако ослободи 19,2 милијарди... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата во Македонија – Нафтата на светските берзи паѓа

Нафтата од типот брент изнесува 81 долари од барел и забележа пад од 2,5 проценти во изминатото деноноќие. Утре Регулаторната комисијата за енергетика се очекува да ги објави новите цени на горивата во Македонија, па така се очекува нова корекција согласно тековите на светските берзи. Во моментов цените на горивата... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Владата воведе забрана, Хрватите возвратија

Владата во Хрватска забрани работа во недела, а компанијата Регинекс излезе со нова деловна идеја – поставување машини за леб. Во населбите Помер, Бањоле и Медулин во Хрватска беа поставени првите авто-сервисни машини за леб, а наскоро свеж леб од машината ќе се нуди и во Винтијан. Продавниците за леб... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...