Селфи кое преплаши многумина: „Ова е најстрашното нешто што сум го видел“

Во ера на експанзија на интернетот, никогаш не било полесно да пронајдете фотографии на непознати луѓе на светската мрежа. Луѓето едноставно обожаваат да објавуваат свои фотографии, слики од децата, миленичињата, партнерите, оброците…

Но, кој би претпоставил дека едно наизглед обично селфи на заљубен пар ќе дигне толкава бура на интернет?

Имено, едно момче од САД поставило фотографија со девојката со коментар: „Ја сакам, иако е близнак во хороскоп“.

Сè би делувало како уште една во морето љубовни селфи фотографии ако во позадината не се гледало нешто благо речено – чудно.

Ако погледнете подобро ќе забележите дека главата на девојката не е во нормална положба.

И додека едни коментирале дека ова е „една од најчудните фотографии“, други истакнале дека се работи за фотомонтажа.