Семејство спасило повредена верверица – осум години подоцна, се вратила за да им покаже нешто важно (Фото)

Семејство спасило повредена верверица – осум години подоцна, се вратила за да им покаже нешто важно…

Кога Брентли Харисон со своето семејство спасила една повредена верверица, не ни помислувале дека ќе се врати во нивниот дом 8 години подоцна.

Оваа верверица ја нападнал був и за малку ќе угинела. Меѓутоа, ова семејство од Северна Каролина, САД, успеало да ја спаси.

И го дале името Бела и се грижеле за неа некое време. Ја хранеле со овошје и јаткасти плодови, додека целосно не се опоравила.

Кога целосно се опоравила, била подготвена да се врати во природа. Го напуштила семејството и продолжила со својот живот на слобода.

Повремено се враќала, како да сакала да ги посети и да види дали се добро.

„Бела повремено се појавуваше на врата, чекајќи некој да ја забележи. Понекогаш знаеше да се качи на прозор и стоеше таму додека не види некој во куќата“, рекла Брентли.

Осум години откако ова семејство и помогнало, дошла да им покаже нешто важно.

Ги довела своите младенчиња, да ги запознае со семејството. Сите биле пресреќни и воодушевени!

Преубава приказна, зар не? Споделете со пријателите и разубавете им го денот!