Северна Македонија со помала просечна инфлација од Бугарија

Годишната стапка на инфлација во ноември забави на 19,5%, со што просечната годишна инфлација во периодот јануари – ноември 2022 година изнесува 13,8%, соопшти Народната банка.

И натаму околу 76% од овој раст е директен ефект од растот на цените на прехранбените производи и на енергијата. Неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите, а особено на енергентите е нагласена поради воените случувања во Украина и санкциите кон Русија, анализира НБРМ.

На седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка одржана вчера, било одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,50 п.п. до нивото од 4,75%.

Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Во согласност со зголемувањето на основната каматна стапка, зголемени се и каматните стапки на кредитот.

На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,50 п.п.

Девизниот курс е стабилен
Со овие промени, Народната банка продолжува со затегнувањето на монетарната политика, коешто започна уште од крајот на минатата година, заради одржување на стабилноста на девизниот курс и на среднорочната ценовна стабилност. Накусо, од крајот на минатата година, Народната банка активно управуваше со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а од април па наваму и преку зголемување на каматните стапки.

Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот (од 0,5%), со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем“, соопшти Народната банка.

Промените во поставеноста на монетарната политика и понатаму се реакција на инфлацијата, додека девизниот пазар е стабилен, наведуваат од централната банка.

-Во ноември, за првпат оваа година, беше прекинат трендот на забрзување на годишната инфлација, под влијание на забавениот раст на прехранбената компонента, а во согласност и со промените на цените на меѓународните пазари. Сепак, ризиците од посилни преносни ефекти врз базичната инфлација од цените на енергијата и на храната, коишто сè уште постојат, како и подигнувањето на инфлациските очекувања наметнуваат потреба од натамошна монетарна реакција. Со оглед на врзаноста на нашата валута со еврото, при одлучувањето влијаат и промените во монетарната политика на Европската централна банка, за којашто се очекува дека ќе продолжи со зголемувањето на каматните стапки во следниот период, се вели во анализата на Народната банка.

Народната банка нагласува дека домашниот девизен пазар е стабилен, при поголема побарувачка на девизи на корпоративниот сектор, којашто во голем дел е неутрализирана од поволните движења на менувачкиот пазар и солидната девизна позиција на банките.

Надворешните цени влијаат на инфлацијата
Што се однесува до домашната економска активност, во третиот квартал од годината, дојдоа до израз неповолните ефекти од енергетската криза и од растот на трошоците врз одредени сектори од економијата, што доведе до забавен економски раст (2%).

Остварувањата во третиот квартал од 2022 година, како и за првите три квартали од годината (раст од 2,7%), се малку подобри од проектираните. Расположливите високофреквентни податоци за домашната економска активност во четвртиот квартал се недоволни, но засега се во прилог на очекувањата дека растот ќе забавува до крајот на годината. Така, податоците за октомври покажуваат мал реален годишен пад на прометот во вкупната трговија, наспроти малиот раст во претходниот квартал, и натамошни неповолни движења кај индустриското производство.

Во однос на монетарните движења, според првичните податоци за ноември, кредитната активност и натаму расте, но поумерено и во согласност со очекувањата, додека растот кај депозитите забрзува посилно од очекувањата.

Во ноември, на меѓународните финансиски пазари променливоста е намалена, а пазарните очекувања упатуваат на понатамошно затегнување на монетарната политика од страна на глобалните централни банки. Во САД, заради согледувањата на инвеститорите дека ценовните притисоци во САД се намалени, се зголемија очекувањата за поумерено зголемување на референтната каматна стапка од страна на ФЕД. Очекувањата на пазарите во однос на каматната стапка на ЕЦБ исто така се во насока на нејзино понатамошно зголемување, како одговор на инфлациските притисоци во еврозоната, а при висока неизвесност од идната динамика на глобалните цени на примарните производи.

Општо земено, неповолното надворешно окружување и нагласените ризици налагаат водење исклучително претпазливи домашни политики. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците. Како и досега, централната банка е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за среднорочна ценовна стабилност“, пишува во соопштението на Народната банка.

Бугарија има годишна инфлација од 14,6 отсто
Во ноември 2022 година, месечната инфлација во Бугарија е 0,8 отсто во однос на претходниот месец, а годишната инфлација за ноември 2022 година во однос на ноември 2021 година изнесува 16,9 отсто, соопшти денеска Националниот статистички институт на Бугарија (НСИ).

Годишната инфлација (ноември 2022 наспроти декември 2021 година) изнесува 15,8 отсто, а просечната годишна инфлација за периодот декември 2021 – ноември 2022 година наспроти декември 2020 – ноември 2021 година е 14,6 отсто.

Подготви С.Танеска

извор: Civilmedia.mk

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Ковачевски: Јасен е ставот на ЕУ, Северна Македонија  треба да го заврши процесот со промена на документите преземен како меѓународна обврска

„Јас веќе сум кажал комплетно ги разбирам граѓаните и го разбирам незадоволството на дел од граѓаните бидејќи се работи за дел од граѓаните, 1,3 милиони пасоши ние веќе имаме со новото уставно име на државата. Но исто така треба да се изрази благодарност и до тие кои напорно работеа за Прочитај повеќе...

Полска преговара со Украина за привремено затворање на границата

Полска преговара со Украина за привремено затворање на границата меѓу двете земји поради протестите на фармерите, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск. Полските земјоделци повеќе од седум дена ги прекинуваат прекуграничните пратки, тврдејќи дека евтините украински производи го преплавуваат полскиот пазар. – Сакаме да и помогнеме на Украина, но не Прочитај повеќе...

Почина актерот Ричард Луис

Актерот Ричард Луис почина на 76-годишна возраст. Луис имаше одлична кариера во Холивуд како актер, писател и комичар. Пред неполна година тој објави дека се бори со Паркинсоновата болест. Неговата најзабележителна улога беше во хумористичната серија „Curb Your Enthusiasm“, но и во филмот „Робин Худ“ од 1993 година и многу Прочитај повеќе...

Скенирате фискални? Сумата за поврат на ДДВ ќе се зголеми на 3.000 денари – најави Ковачевски

Сумата за поврат на ДДВ преку проектот Мој ДДВ ќе се зголеми на 3.000 денари за едно тромесечие, најави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на настан на СДСМ во Штип. Во моментов речиси половина милион граѓани скенираат фискални и имаат можност за поврат на ДДВ од 2.100 денари за Прочитај повеќе...

Ковачевски: СДСМ ја одбра страната на работниците, платите денеска се поголеми за 300 евра во просек

Со концептот на СДСМ, граѓаните ќе имаат повисоки плати и пензии, повеќе инвестиции, подобро платени работни места, повеќе пари назад кај граѓаните, порача претседателот на СДСМ, вечерва во Штип. „Ветивме дека просечната плата ќе биде 500 евра, до 2024, тоа ветување го надминавме, денес просечната плата изнесува 650 евра. Тоа Прочитај повеќе...

Ковачевски: Јасен е ставот на ЕУ, Северна Македонија  треба да го заврши процесот со промена на документите преземен како меѓународна обврска

„Јас веќе сум кажал комплетно ги разбирам граѓаните и го разбирам незадоволството на дел од граѓаните бидејќи се работи за дел од граѓаните, 1,3 милиони пасоши ние веќе имаме со новото уставно име на државата. Но исто така треба да се изрази благодарност и до тие кои напорно работеа за тоа да се направи и […] Прочитај повеќе...

Почина актерот Ричард Луис

Актерот Ричард Луис почина на 76-годишна возраст. Луис имаше одлична кариера во Холивуд како актер, писател и комичар. Пред неполна година тој објави дека се бори со Паркинсоновата болест. Неговата најзабележителна улога беше во хумористичната серија „Curb Your Enthusiasm“, но и во филмот „Робин Худ“ од 1993 година и многу други. Прочитај повеќе...

Дали знаете што значи овој сообраќаен знак? Збунува многумина

Дури и ако возите секој ден, невозможно е да знаете што значи секој сообраќаен знак. Па, ако некогаш сте виделе празен кружен знак со црвена граница и сте се чувствувале навистина збунети, не сте сами. За среќа, значењето е многу едноставно и покрај тоа што е еден од знаците што многумина го забораваат со текот […] Прочитај повеќе...

Ковачевски: СДСМ ја одбра страната на работниците, платите денеска се поголеми за 300 евра во просек

Со концептот на СДСМ, граѓаните ќе имаат повисоки плати и пензии, повеќе инвестиции, подобро платени работни места, повеќе пари назад кај граѓаните, порача претседателот на СДСМ, вечерва во Штип. „Ветивме дека просечната плата ќе биде 500 евра, до 2024, тоа ветување го надминавме, денес просечната плата изнесува 650 евра. Тоа е за речиси 300 евра […] Прочитај повеќе...

Ковачевски: Јас ќе ја предводам следната про-европската Влада со која до 2030 година ќе влеземе во ЕУ

СДСМ и коалицијата ќе имаат повеќе пратеници на изборите од ВМРО – ДПМНЕ и јас ќе ја предводам следната про-европската Влада со која до 2030 година ќе влеземе во ЕУ, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју во Тема на денот на телевизија Сител. „Постојат многу анекти во текот на изминатиот период, анкети […] Прочитај повеќе...

Пензионери подгответе се: Објавено е кога ќе легнат парите од февруарската пензија, а од март следува ново покачување!

Пензијата се очекува да биде исплатена во редовниот термин на први март 2024 година во петок. Согласно новата методологија пензиите ќе пораснат за 5 проценти. Ова покачување ќе дојде од следниот месец. Вакви покачувања има секој шест месеци, согласно новиот закон. Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Значително пораснале трошоците за градење – пораснале трошоците за вработените, но има голем пад кај градежните материјали

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

НЕГАТИВЕН ПРИРОРЕД ПРИРАСТ: За 4,5 проценти помалку родени деца во последниот квартал од 2023 – се родиле 4.185 деца, а починале 5.028 лица, меѓу кои 9  доенчиња

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4.5 % и изнесува 4 185 живородени деца. Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 1.5... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Колку чини доларот, а колку еврото – Курсна листа за 29. февруари 2024

Biznispro ја објавува најновата курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 28.02.2024 која се применува од 00:00 часот на 29.02.2024 година до почетокот на важење на новата Курсна листа. Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Дизни планира спојување од 8,5 милијарди долари со индиска медиумска компанија

ДЕЛХИ – Дизни објави денеска дека има намера да ја спои својата подружница „Стар Индија“ со медиумската компанија „Виаком18“ поддржана од Мукеш Амбани, „Рилијанс индустрис“, во зделка вреден 8,5 милијарди долари. Reliance ќе го води новиот бизнис, а партнерството би можело да прерасне во една од најголемите медиумски империи во... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

ЖЕНИТЕ ВО ПРЕДНОСТ: Научниците открија максимален број години колку луѓето можат да живеат

Ако сте загрижени за брзината со која се приближувате до следниот „голем“ роденден, тогаш имаме добри вести за вас. Се разбира, да наполните 25, 30 или 40 години изгледа страшно, но научниците тврдат дека ја откриле максималната возраст до која човек може да живее, а ве чекаат уште убави години. Заклучоците доаѓаат од студијата спроведена... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Пари ќе “паѓаат од небо”: Најдобриот руски астролог вели дека овие два знака во март ќе пливаат ВО ПАРИ

Познатиот руски астролог Павел Глоба тврди дека двата знака од Зодијакот во март ќе имаат повеќе среќа од сите други кога се во прашање финансиите и парите. Имено, тој истакнува дека материјалниот аспект од нивниот живот ќе биде многу нагласен, а во позитивна смисла, во текот на првиот пролетен месец и дека може да очекуваат... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ОГАН ВО КРЕВЕТ: Топ 10 работи кои откриваат голем љубовник

Можеби мислите дека ви е жешко во кревет, но можеби не ви оди баш најдобро. Што го прави добар љубовник? 10 карактеристики на личност која може самоуверено да каже дека е добра во кревет. Доколку се пронајдете во овие 10 работи, немате причина за грижа, пишува Крстарица. 1. Сакате да учите нови работи 2. Разигран... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Трите хороскопски знаци кои најмногу изневеруваат на ергенски и момински забави

Жените често се повозбудени од мажите за денот на нивната венчавка. Тие му придаваат важност на секој детал, дури и на чиновите што доаѓаат пред самиот ден на свадбата. При нивното организирање се одлучува дали тоа ќе биде помирна опција или на пример одење во клуб, изнајмување простор и слично, а често на овие прослави... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Четири хороскопски знаци кои ќе пливаат во пари овој март!

Еве четири хороскопски знаци со оптимистички финансиски изгледи за март 2024 година: Бик: Поединците Бик може да најдат профитабилни можности во стабилни инвестиции или потфати со недвижнини во текот на март 2024 година. Нивната практична природа и решителност може да доведат до значителни финансиски придобивки. Лав: Лавовите може силно да блеснат во нивните кариери во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...