Сезоната на празници само што не почнала: Како да не се здебелите оваа зима
Ако се придржувате до овие едноставни навики во текот на зимата, ќе ја дочекате пролетта во супер форма!
Сезоната на слави и празници само што не почнала, а сите знаеме колку е тешко да им одолееме на сите тие специјалитети…
Но, еве совети на експерти кои ќе ви помогнат да не се опуштите премногу, иако телото ќе ви биде сокриено под слоеви и слоеви гардероба неколку месеци.
Првото правило на кое би требало да се придржувате е да избегнувате растеглива гардероба. Ако зимата ја поминувате во хеланки и растегливи материјали, лесно може да се случи да не забележите дека ја зголемувате килажата.
Но, не би било лошо да си поставите себе си некоја новогодишна цел и малку пред Нова година, на пример, уште од сега пријавете се на некоја програма за вежбање која почнува во јануари. Или договорете се со другарките дека ќе одите на тренинзи заедно уште првиот работен ден после Нова година.
Направете мали месечни планови, убавите денови во ноември и декември сигурно ќе ги искористите за шетање во природа, а кога времето ќе биде полошо, вежбајте дома. Така јануари ќе го дочекате спремни за организираното вежбање во теретана или фитнес клуб.
Имајте на ум дека не е потребно да вежбате со часови. Доволно е и неколку пати во денот да направите по некоја вежба.
Исто така, секогаш добра идеја е наместо со лифт да одите по скали.
Кога ќе дојде време за празничните специјалитети, не го скратувајте она што го сакате, но не претерувајте со количините.
Секогаш јадете од мали чинии, така ќе одолеете на искушението да се прејадете само затоа што сакате руска салата. Или кифли… Или на што и да се радувате околу Нова година.
И не заборавајте дека соковите, газираните пијалаци и коктелите можат да бидат вистински калориски бомби. Во време на празниците, држете се до вино (во умерени количини) и природни сокови.
Уживајте во зимата која доаѓа. Но, не опуштајте се премногу.