Шокантно признание на ЦИА: Кулите близначки не ги срушиле авиони, се работи за нешто многу пострашно

Поранешниот пилот на ЦИА, Џон Лир, потпишал признание дека Кулите близначки не се соборени поради тоа што авионите удриле во нив.

Според неговото мислење, официјалната приказна за тоа дека двата авиони ги собориле кулите е „физички невозможна“.

Откако рускиот претседател Путин минатата година навел дека ќе објави сателитски фотографии кои докажуваат дека Кулите се уништени со „контролирана експлозија“, изгледа дека ќе дојде до побивање на официјалниот извештај на Комисијата за 11-ти септември.

Писменото признание е сериозна правна работа и важи за правната вистина доколку не се побие. Сега противниците на теоријата на Лир мораат да ги претстават своите докази ако сакаат да ја побијат неговата изјава.

Доколку тоа не го направат, владата на САД ќе мора да признае дека официјалниот извештај на Комисијата за 11-ти септември не бил вистинит.

Мора да се земе во предвид дека Џон Лир не е било кој пилот. Тој е внук на основачот на Лирџет, Бил Лир. Тој е пензиониран воздушен капетан и поранешен пилот на ЦИА кој управувал со повеќе од 100 различни авиони во текот на 40-годишната кариера. Тој има повеќе пилотски сертификати отколку било кој друг пилот. Летал во Азија, Африка, источна Европа и на Блискиот исток.

Со други зборови, Лир се разбира во летање и авиони.

Еве што тој напишал во своето писмено признание:

„Ниту еден Боинг 767 не удрил во Близначките како што властите и медиумите лажно тврдат. Таков судир е физички невозможен од неколку причини. Во случај на вистински удар, авионот би почнал да се врти кога неговиот преден дел би удрил во челичните столбови на кулата“.

Фото: Википедиа/Michael Foran

„Потоа би дошло до одвојување на вертикалниот и хоризонталниот реп на авионите и нивно паѓање на земја. Моторот на авионот би го задржал својот облик при ударот и би бил пронајден во остатоците“.

„Ниту еден Боинг 767 не може да оствари брзина од 810 километри на час на висина од 300 метри над нивото на морето. Моторот едноставно не може да го издржи густиот воздух при толкава висина и брзина“.

Многу делови од авионите морале да паднат на земја бидејќи не можеле да се пробијат низ масивните челични столбови на кулите. Невозможно е целиот авион само така да исчезне во судирот, вели тој.