Што се случи со професорката чиј порнич го пронајдоа нејзините ученици? (Фото)

Додека група ученици од Чешка барала порно филмови, наишла на посебно интересна снимка во која глуми нивната професорка. Во снимката која трае 40 минути оваа професорка раскажува за својот живот, полека се соблекува и на крај има секс со снимателот.

Оваа приказна се случила пред две години, а „безобразната професорка“, како што ја нарекле чешките медиуми, две години подоцна успеала да најде работа како приватна наставничка.

– Претходните две години од мојот живот беа вистински пекол. Конечно се снајдов, наводно професорката и рекла на своја пријателка, открива Дејли Мејл.

Чехињата го променила името, се преселила и успеала да се вработи, а како што наведува британскиот весник, мажот се развел од неа откако дознал дека глумела во порно филм.

Вестта за професорката позната како „Луси“ одекнала пред две години, кога прашките медиуми ја пренеле вестта дека професорка од Чешка добила отказ кога директорот ја разбрал приказната.

Во филмот кој го пронашле учениците, професорката е наречена „Луси“, а тој е снимен во форма на интервју за порно актерка.

За време на разговорите со лицето кое ја интервјуира рекла дека за оваа „работа“ се пријавила како би пробала нешто ново, но тоа најверојатно е дел од сценариото.

Во филмот раскажува дека има две деца, маж со кој живее, како и дека работи како професорка (што се утврдило како точно).

– Не сакам да ја осудувам, бидејќи не знам зошто тоа го направила, но не е убаво кога еден петнаесетгодишник тоа ќе го види. Таа имала секс пред камери со странец за пари, а тоа не е во склад со она што треба да го учат децата, коментирал еден од родителите на ученик од нејзиното школо.

„Луси“ на локалните медиуми им се правдала дека била дрогирана за време на снимањето и дека поради наркотици во воздухот била премногу опуштена.

Сепак, за школската управа тоа не било доволно добро оправдување и таа добила отказ.