Силен град го погоди Преспанскиот регион – опустошени јаболковите насади

Силен град вчера ја погоди речиси цела Преспа, при што се бележат сериозни штети на јаболковите насади.

Особено погодени се селата Царев Двор, Дрмени, Евла и други околни места.

Според информациите властите најавија дека во понеделник ќе биде објавен јавен повик за пријавување на штети, а во најкус можен рок ќе се формира општинска комисија која ќе направи проценка на штетите.

Од УХМР најавуваат лошо време и понатаму. До недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, а околу пладне и попладне на повеќе со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град, се вели во метеопредупредувањето на УХМР.